Достапни линкови

Лице кое се бара по потерница не претставува закана за безбедноста


Безбедносната ситуација во државата е стабилна. Лице кое се бара по потерница не претставува никаква закана за безбедносната ситуација, ова е оценката на министерството за внатрешни работи по повторените случувања деновиве во скопското село Кондово кои започнаа минатата недела кога припаднции на полицијата беа пресретнати од вооружна група во селото. По лицето Агим Красниќи, кој е еден од предводниците на настаните во Кондово, има издадено потерница и полицијата ке продолжи да постапува по сите барања на судските органи за приведување на такви лица. Оттаму потенцираат дека на решавање на ситуацијата се работи систематизирано. ,,Целта ни е да ја отстраниме политиката и користењето на слу;увањата во Кондово за политичка пресметка мегу албанските партии, за да можеме да реагираме,” изјавуваат во МВР.

Состојбата во Кондово, ја следи и мегународната заедница во земајва, европската унија и проксима, која веке организирала неколку состаноци со надлежните претставнци.

,,Секако дека ја следиме одблизу ситуацијата во Кондово и тоа што се случува деновиве. Во контакт сме со другите интернационални организации. Имавме неколку состаноци со претставници од МВР на централно и локално ниво,”

ни изјави Андера Анџели портпарол на канцеларијата на Европската Унија во земајва и воедно на Проксима, кој додава:

,,Знаете која е улогата на нашата мисија тука, ние во моментов само ја следиме ситуацијата. Веруваме дека македонската полиција може да се справи со ситуацијата.”

Во канцеларијата на УНМИК на Косово, засега немаат информации дали групи од Косово учествуваат во кондовските настани.

,,Не, немам никакви информации во врска со ова,”

вотенцира Марциа Пол, портпарол на УНМИК на Косово.

Лицето Агим Красниќи се гони за разбојништво, предзвикување општа опоасност и кражба. Тој учествуваше и во настаните во слеото од пред шест месеци за чие решавање посредуваа и албанските политички партии барајки негова ресоцијализација.
XS
SM
MD
LG