Достапни линкови

На улица или на тезга по парче леб


На зелениот Пазар во Скопје две спротиставени страни. Едната на продавачите кои се внатре на тезгите а другата на луѓето кои седат на улицата пред вратите и продаваат на картонски кутии. Но и двете страни имаат свои приказни.

Првата на Менка и Бошко.Немаат никакви примања па велат мораат да заработуваат на картонската кутија. Менка работела 23 години во фабрика а одтаму не и ги платиле придонеси. Сега нема ниту пензија, а ниту пак здравствени и социјално осигурување. Бошко работел како пекар во фурни но никогаш не бил осигуран. Тие продаваат лозово лисја, оревчиња и чаеви. Велат немаат пари за да произведуват:

„Што ќе извадам? Лозов лист од пет денари? Што ќе извадиш? Ги собирам од лозјата од кај мене, не од мое лозје, туку од запуштени лозја, умрени се старите, а младите ми рекоа, тетка Менка, бери слободно, не ти браниме.“

Неможам да продаван ни на тезга внатре на пазарот од каде да најдеме пари за да ги платиме сите давачки-вели Менка

„Осум илјади е тезгата, каде да најдам осум илјади? Ако имам осум илјади нема да седам овде, туку ќе седам дома. Со што, со ова? Со лозов лист? Со тревки? Ако имам осум илјади, ќе влезам внатре, ама да имам стока, вака – немам капирал.“

Од друга страна и произведувачите кои продаваат на тезги велат дека порану подобро се заработувало, а сега многу малку им останува за нив:

„Поефтини беа препаратите, ѓубривата, имаше потрошувачка. Сега нема потрошувачка. Не може ниту трошоците да ги извадиме.“

На пазарот најзадоволни се оние кои се само продавачи односно она што го продаваат го купуваат од призводителите, но им пречат дивите продавачи:

„Ни го расипуваат пазарот, тие од надвор, тогаш мора да им кажеме на баждарите или полицијата да ги тргнат од таму.“

Од пазарната инспекција велат дека соглсано законот трговија може да обавуваат лица кои имаат регистрирано фирма. Тоа важи и за уличните продавачи, објаснува Јулијана Ристовска раководител на одделенито во Скопје. Таа објаснува дека доколку пазарните инспектори сретнат некој кој не ги исполнува овие услови тогаш тие му издаваат решение со кое му се забранува вршењето на дејноста во одреден рок во кој лицето треба да изврши регистрација. Вториот пат доколку инспекторите го сретнат истиот продавач тогаш заедно со полицајата му ја одзермаат и стоката која понатам ја проследуваат до суд.
XS
SM
MD
LG