Достапни линкови

Косовските власти сметаат дека демаркацијата не може да се затвори без нив


Демаркацијата на граничната линија кон Косово ке се реши пред почетокот на разговорите за решавање на конечниот статус , ова е официјалниот став на шефот на УНМИК Сорен Јесен петерсен кој што беше соопштен по средбата со премиерот Владо Бучковски:

„Јас сум лично обврзан и властите во Косово се определени да се реши прашањето за границата па такла додека почнат разговорите тоа да биде решено ние разговараме конкретно како да се придвижиме напред ние ке се сретнеме на 9 јуни во Приштина за да постигнеме договор за техниките прашања и да постигнеме договор за нив“

Од друга страма, преставници на привремената косовска влада од друга страна велат дека сеуште не е дефинирано кога ке започне демаркацијата. Ова прашање не може да се реши без наша согласност, изјави за Радио Слободна Европа, советникот на косовскиот премиер Бајрам Косуми, Енвер Сопјани:

„Кога ке се реши ова прашање пред или по завршувањето на преговорите за конечниот статус ни сеуште не сме се изјасниле и немаме конечна одлука дета тоа ке се реши тогаш. Но едно е сигурно дека без наше мислење и конечен став нема да се решава ништо во однос на границата. Значи ова не само прашање на другите туку и на самата косовска влада која го преставува народот на Косово,“

изјави Сопјани советник за безбедносни прашања на премиерот Косуми коој ќе ја посета Македонија на 13 овој месец.

Експертите од друга старана велат дека ваквата политика на косовските привремени власти наликува на таа на Милошевиќ од 89. Ако ова прашање не се реши тогаш ќе нема ниту статус за Косово е ставот на аналитичарот Ѓунер Исмаил.

„Ако сакаат така, можат и така. Ама тогаш е друга приказна, тогаш нема статус. Тогаш се отвораат нови процеси и се создава друг блок земји, Србија добива други и друг тип сојузници и се охрабруваат други српски и други идеи на Балканот. Во таквите идеи, и косовските политичари ќе дојдат до други идеи, тоа се тие паралелни агенди. Тие се погубни. Каде заврши Милошевиќ? И тие таму ќе завршат.“

Според Него УНМИК го има мандатот дури и без согласноста на косовските политичари да ја започне демаркацијата на граничната линија:

„УНМИК има целосен мандат за територијата на Косово, согласно резолуцијата 1244, УНМИК е врховниот владетел на таа територија.“
XS
SM
MD
LG