Достапни линкови

Целосно отфрлени одлуките на СПЦ


Македонската православна црква, целосно ги отфрли одлуките донесени од архиерејскиот собор на српската православна црква, за признавање на т.н. охридска ахиепископија на Јован Вранишковски за афтокефална, ова е заклучокот кој денеска го донесоа македонските митрополити во рамки на седницата на Светиот синод на МПЦ посветена на последните случувања со српската црква. Портпаролот на синодот митрополитот Тимотеј соопшти:

„СПЦ нема ниту канонско, ниту уставно право да донесува било какви одлуки за МПЦ, уште од 1959 година, кога се изјаснила дека Уставот на СПЦ нема никакво важење за Република Македонија и за архиереите во Република Македонија.“

Токму затоа, Македонската православна црква упати порака до сите македонски грагани и верници

„Да не се вознемируваат од овие ништожни одлуки и да имаат доверба во Синодот и во МПЦ, дека нема да отстапиме од името и од афтокефалниот статус на црквата.“

Македонската црква меѓу другото како што соопшти митрополитот Томотеј, за последната како што ја нарече „злонамерна“ одлука на СПЦ ќе ги запознае и останатите цркви во православниот свет:

„Со злонамерните акти донесени од Соборот на СПЦ кон МПЦ и се надева дека тие нема да бидат поддржани од останатите цркви,“

Обидот за посегнување пак по црковниот имот од страна на српската Светиот синог го оцени како:

„Обид за агресија кон територија на Република Македонија и македонското културно наследство, кое е наше неотуѓиво право,“

изјави митрополитотот Тимотој соопштувајќи го ставот на синодот.

Денешната седнциа на светиот синод на МПЦ е прва по минатонеделната одлука на српската црква за признавање како афтокефална на црквата на Вранишковски. Во првото свое соопштение македоснката црква, ден по одлуката на СПЦ истакна дека „одлуката нема никакво значење за МПЦ“.
XS
SM
MD
LG