Достапни линкови

Само ако ги почитуваш своите вредности ќе може да ги почитуваш и туѓите


Граѓаните на Македонија мора да ги знаат и да бидат свесни за нивните културни и историски вредности, зашто само така ќе може да се почитуваат себе си, а и оние кои се различни од нив, вели Ѓурѓица Лековска, претседател на меѓународната организација за заштита на културните вредности во време на воени кризи „Син Штит“:

„Треба многу да се делува уште на децата, во нивното образование, да посетуваат културно историски споменици, зашто само така, кога човекот е свесен за својата култура и традиции, тој е богат.“

Граѓаните велат, свесни се за она што го поседуваат од минатото:

„Поголемиот дел од Македонците се грижат за тоа, ја знаат културата и историјата.“
„Мислам дека сме свесни, ама недоволно. Незаинтересирано.“


Лековска смета дека треба да учиме и од односот на Александар Македонски, кон туѓите култури и цивилизации:

„Тоа е човек кој што ја направил листата на светските чуда, призната денеска од УНЕСКО. Исто така треба да се понесеме и од неговиот однос кон другите народи, тој ги признавал и јазиците и обичаите на другите народи и затоа успевал да достигне далеку.“

„Синиот штит“ е организација активна во сите кризни подрачја, а целта е спречување на желвбата за освета на различните етникуми.
XS
SM
MD
LG