Достапни линкови

Обиди за негација на македонскиот идентитет, потребна остра реакција


Последната одлука на Српската православна црква за признавање на т.н. охридска архиепископија на Јован Вранишковски, претставува обид за негација на македонскиот идентитет, вака реагира експертската јавност во земјава по прашањето за односите меѓу СПЦ и МПЦ, што неделава ја бранува македонската јавност. Професорот Јован Донев во оваа насока изјавува:

„Тоа треба јасно и остро да се отфрли. Црквата на Балканот, за среќа или за жал е составен дел на нацијата. Нациите се формирани преку религискиот сепаратизам и ние не можеме да избегаме од сопствената црква, исто како што не можат ниту Србите, Бугарите или Грците. Секој удат врз црквата е фактички удар врз нацијата и мора да се опстои и да се реагира така како што се реагирало, и нормално во крајна линија мора да се прати порака до српските политичари и интелектуалци е дека ние очекуваме нивна гласна осуда на ваквите потези на СПЦ“

Против вакви ситуации, продолжува професор Донев, општеството „се бори“ покажувајќи единственост во одговорот на ова прашање што од македонска страна резултираше со целосно отфрлање на одлуката на СПЦ, што според Донев е најсоодветна реакција во овој момент. Тој посочува дека сега, македонското ткиво, е поединствено од било кога:

„Она што е наше е тоа да си опстоиме на нашата позиција, а тоа е дека Република Македонија сакаме да ја градиме како слободна и демократска држава, држава во која ќе владее правото и општество во кое ќе се почитуваат сите разлики и ќе се негуваат истористките и културните традиции и само на тој начин можеме да се одрабниме од овие напади.“

И покрај овие како што ги оценува македонската интелектуална сила, негаторски акции упатени кон Македонија, а што е слична реакција и на македонското министерство за надворешни работи, дипломатијата велат оттаму ќе работи на зачувување на досега добрите билатерални односи меѓу Македонија и Србија и Црна Гора.

„Така што, ние ќе продолжиме на тој начин со максимални напори да продолжи одличната билатерална соработка и покрај постоењето на вакви негаторски акти,“

потенцира Душко Узуновски портпарол на МНР.
XS
SM
MD
LG