Достапни линкови

Состанок на Македонија со советот на НАТО


Извештајот на НАТО презетиран на годишниот состанок на Македонија со северно атлансткиот совет е позитивен за нашата земја, вака изјави министерот за одбрана Јован Манасиевски за Радио Слободна Европа неколку дена пред заминувањето за Брисел.

„Она што е значајно да се истакне е дека од година во година нашите извештаи се се подобри, така што и овој извештај во споредба со ланскиот е подобар. Особено извештајот е добар во делот на одбранбените реформи и за мене лично и за тимовите во министерството за одбрана повеќе од задоволителен.“

изјави министерот за одбрана Јован Манасиевски. Македонските власти очекуваат в 2006 да ја добијат и офицјалната покана за членство во НАТО, а 2007 да станат полноправна членка на североатланстката алијанса.
Експеритите во земјава сметаат дека ваквите очекувања се реални и со евентуалното членство Македонија пред се ке добие во внатрешпната стабилност на земјата:

„Со тоа се добива внатрешна стабилност, подобра регионална стабилност, се зголемуваат шансите за инвестиции во нашата земја и се отвораат моменти да се надминат недостатоците за членство во ЕУ,“

вели Назми Малиќи професор во Универзитетот за Југоисточна Европа и поранешен заменик министер за одбрана.

До крајот на годинава и наредната 2006 Македонија ја очекуваа доста работи во реформскиот процес .

Со состанокот во Брисел се заокружува Шестиот циклус на учество на Република Македонија во Акциониот план за членство во НАТО и се поставуваат насоките за наредните активности кои ќе бидат содржани во Годишната национална програма на Македонија за 2005/2006 година, за членство во Алијансата.

„Во текот на 2005 треба да се изврши трансформација на 60 насто од командите и единиците на АРМ. Во 2006 30 насто и во 2007 последните 10 насто. Така што, ние врз основа на проценките што ги правевме пред состанокот во Брисел, може да утврдиме дека веќе имаме 30 насто од трансформацијата во АРМ завршено, така што до крајот на годинава комплетно ќе го исполниме планот.“
XS
SM
MD
LG