Достапни линкови

МПЦ ќе ги прекине односите со СПЦ


Како одговор на одлуката на Српската првославна црква за признавање на т. н. Православна охридска архиепископија на Зоран Вранишковски како автономна црква, во својата првична реакција МПЦ најавува прекин на разговорите со претставниците од српската црква. Портпаролот на Светиот синод, митрополитот Тимотеј ни изјави:

„Најверојатно барем во овој моемент ќе престанат секакви обиди за разговори и за продолжување и изнаоѓање решение. Така да најверојатно ќе се остане на статус кво. Разговорите се нерални кога некој во ваша „куќа“ ви прави паралелна управа“

Во соопштението на СПЦ што имено го објавува т.н. охридска архиепископија, но кое е потврдено од нишкиот владика Иринеј, а по повод издавањето на соборскиот томос за автономија на истата, и прогласувањето на Вранишковски за архиепскоп охридски и Митрополит скопски, се додава дека Српската црква ги прекинува комуникациите со МПЦ, но и со народот во Македонија, поради неговата подршка кон расколничката македонска црква. На ваквата одлука на СПЦ, митрополитот Тимотеј со одговор:

„Тоа нема да има никакви ефекти за просторот на Р Македонија како во свештенството, монаштвото, така и меѓу народот во Репбликата како и во дијаспората.“

Дали македонската црква за оваа одлука на СПЦ ќе побара посредство од Руската црква или Цариградската патријаршија, како што вели митрополитот Тимотеј ќе биде одлучено дополнително. Но, какво ќе биде влијанието од одлуката на СПЦ, на односите на македонската црква со останатите цркви од православниот свет и каков ќе биде нивниот став по ова прашање, експертите сметаат.

„Сега прашање е колку ќе се забрза, целата оваа процедура пред Вселенската патријаршија?! Можеби Руската православна црква ќе има најголемо влијание сето ова да се официјализира пред највисоките црковни органи, иако сметам дека сето ова ќе оди споро и ќе се почекаат некои политички одлуки особено со признавањето на името, па потоа ќе се оди со евентуално официјализирање на оваа одлука на СПЦ.“

Изјавува професорот по социологија на религијата, Зоран Матевски.

Но, секако дека одлуката, сметаат во владината Комисија за верски заедници, дополнително ќе ги усложни македонско- српските црковни односи

„Несомнено дека ваквиот потег ќе преставува дополнителна потешкотија во изноѓањето на вистинско решение.“

Потенцира претседателот на Комисијата Цане Мојановски.

Одлуката на Српската црква, доаѓа по последните разговори на македонскиот архиепскоп г.г. Стефан со српскиот патријарх Павле во Белград, по што беше најавено обновување на преговорите меѓу двете цркви за разрешување на спорт.
XS
SM
MD
LG