Достапни линкови

Милан фаворит, Ливерпул незгоден


Европската фудбалска сезона финишира вечер во Истабул со финалниот натпревар во лигата на шампионите меѓу моќниот АЦ Милан и англискиот Ливерпул. Вечерашното шоу е повеќе од игра. Тоа е приказна за различните градови и држави. но исто така и за индивидуалците какви што се Силвио Брлускони, Андреј Шевченко, Хуан Бенитез, и сите оние актери на и околу теренот

Вечерашното финале меѓу Милан и Ливеропул е приказна за различните Милано, за Ливерпул, но и за индиректниот сопственик на Милан премиерот на Италја Силвио Берлускони чија политичка среќа може да добие потик со евентуалната победа, потоа за Андреј Шевченко украинецот кој европски играч на годината, за легандарниот Паоло Малдини кој е пред пензија, како и за групата шпански играчи и шпанскиот тренер на Ливерпол Хуан Бенитез. Во Ливерпул се живее за денешново финале. Навивачите се надеваат дека е можно да се победи моќниот Милан.

Ти никогаш нема да одиш сам е химната на Ливерпул на тимот на работничката класа на пристаништето пригодна песна на фановите познати како нај пасионирани навивачи на светот.

„Апсолутно е наелектризирано во моментов. Сите имаат знамиња на автомобилите. Навистина е супер – сите учествуваат.“

вели Дејвид Алан сопственик на продавница за весници во близина на стадионот. Меѓу 20 и 50 илјади навивачи од островот се селат во Истамбул, многумина и без билет. Пабовите во Ливерпул се пребукирани, а така се очекува да биде и вечерва. Во Милано е сепак малку поинаку, вели по малку разочарано Џани Роси сопственик на ресторан во центарот на Милано.

„За време на натпреварот фановите се пред телевизор и ресторанот ке биде празен. Тие навистина ја следат играта и со денови зборуваат за тоа. Ако победи Милан Берлускони ке биде радосен. Ако изгуби ке биде тажен како и сите други.“

Ливерпул досега 4 пати е победник на лигата на шампионите, а Милан 6 пати, но Ливерпул не играл во финалето од 1985 година кога загуби од Јувентус. Милан беше европски шампион и пред две години. Од друга страна Ливерпул е пети на табелата во Англиската премиер лига и идната година ке биде надвор од лигата на шампионите. Милан пак ја загуби титулата од Јувентус. Стивен Жерард звездата на Ливерпул вели дека тимот на Милан е најдобар во Европа. Но во Европа на Ливерпул се гледа како на клуб кој трудољубиво со одбранбена тактика стигна до финалето. Дали утре во Ливерпул ке владее хармонија како во песната на Битлси другата голема икона на овој англиски град.
XS
SM
MD
LG