Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот претседател Џорџ Буш потпишаа договор за стратегиско партнерство. Според Пентагон, договорот ја искажува авганистанската согласност американските сили да продолжат да ги користат базите како во Баграм и во Кабул. Но, двете чувствителни прашања, останаа отворени. На заедничката прес конференција со Карзаи, Џорџ Буш беше дециден дека американските војници ќе примаат наредби само од американски офицери.
,,Се разбира дека нашите трупи им се одговорни на американските команданти, но тие и нашата дипломатска мисија таму имаат конструктивна соработка со авганистанската влада.”
Карзаи изјави дека ќе побара од Буш и американските војници во Авганистан да се консултираат со Владата во Кабул во врска со претресите во домовите на авганистанците, но ова прашање не го изнесе јавно. Во врска со авганистанските затвореници во Гвантанамо на Куба и ставот на Карзаи дека е време тие да се вратат во Авганистан, Буш изјави:
,,Нашата политика е, - прво, ние сакаме тие луѓе да бидат испратени дома, но, - второ, треба да бидеме сигурни дека затворските капацитети во Авганистан можат да бидат добро обезбедувани.”
Двајцата претседатели беа прашани и за случаите на малтретирање на авганистански затвореници во американските затвори. Карзаи изјави дека официјален Кабул смета оти таквите инциденти не се дел од американската владина политика.
,,Случаите со малтретирање на затвореници е работа која се однесува на поединци. Авганистанскиот народ им е благодарен на американците, а индивидуалните инциденти не ја рефлектираат вкупната политика.”
Карзаи додаде дека неодамнешните насилни протести во Авганистан биле организирани од луѓе кои се противат на долгорочното партнерство меѓу Авганистан и Соединетите Држави.