Достапни линкови

Натпревар од висок ризик


Неколку илјада полицајци од редовниот состав и специјалци ќе се грижат за редот и мирот пред и по завршување на денешниот финален натпревар на купот на Македонија во Фудбал во кој се среќаваат Башкими од Куманово и Маџари од Скопје. Овој натпревар е прогласен од висок ризик, но во МВР велат дека се превземени сите потребни мерки се да помине во најдобар ред:

,,Од страна на МВР ќе бидат ангажирани доволен број полицајци за безбедно одржување на натпреварот. Воедно, во поглед на овие мерки предвидено е навивачите од двете екипи да бидат сместени на различни трибини,”

вели Борче Пешевски портпарол на МВР. И Управите на двата клуба Маџари Солидарност и Башкими се надеваат дека се ке помине вио најдобар ред:

,,На навивачите е да се навива спортски, без употреба на пароли на национална основа. Кога им се дадени картите е разговарано со Комитите, да не се извикуваат национални пароли, ама зависи и од другата страна, ако и тие го почитуваат тоа нема да има никаков проблем во тој дел.”

,,Поради ситуацијата во Македонија секогаш натпреварите ,еѓу клубовите од различни националности се прогласуваат дека имаат одреден ризик. Ние како управа на Башкими ги преземавме сите неопходни мерки да не дојде до непредвидена ситуација, односно некој судир меѓу навивачите,”

изјавија Зоран Мирковиќ сопственик нга фудбалскиот клуб Маџари и Ќани Алиу директор на Башкими. Навивачката група Комити кои ќе ги бодрат фудбалерите на Маџари исклучуваат можност од појава на инциденти

,,Па, не не знам зошто споменувате инциденти,”

изјави Жути еден од водачите на Комити . Освен од Куманово Башкими ќе ја има и подршката на Шверцери од СКопје Балистите од тетово и неколку стотина навивачи од Косово

,,Ние нема да вреѓаме, ќе одиме да навиваме, ако некој не провоцира, ќе реагираме, ако пцујат, вреѓаат, и ние исто така. Ама, ние нема да вреѓаме први,”

изјави Валбон од навивачката група Шверцери.
XS
SM
MD
LG