Достапни линкови

Рудниците сеуште не се рестартирани


Наместо во рударските окна дел од македонските рудари масовно заминуваат во странство, дел од оние што не заминале се подготуваат тоа да го сторат, а оние кој остануваат тука протестираат или се борат на најразлични начини да обезбедат егзизтениција за себе и сопствената фамилија.

Денеска во скопје протестираат рударите од Злетово. Нивниот американски газда кој ги купи уште во септември минатата година и покрај обврската досега не успеа да го рестартира рудникот.

,,Иако рудникот е продаден, од тоа нема ништо, затоа што и самиот бизнис план што го предложи фирмата не го исполнува. Крајниот рок за рестартирање на рудникот беќе крај на март, а сеуште нема ништо од тоа и нема донесено ништо репроматеријали,”

вели Ванчо Трајчевски регионален синдикален лидер од Пробиштип. Дека рудникот Злетово ќе го снајде оваа судбина се знаело уште на самиот почеток тврдат рударите. Но тогаш тие што одлучувале сметале дека фирмата трафалгар ресурс е најдоброто решение за рударите.

,,Не ги исполнија ниту основните услови на тендерот, затоа што не беа уплатени тие 50 илјади долари што требаше да се уплатат, наводно имале технички проблеми. Фирма што не може да плати 50 илјади долари за тендерска документација, таа фирма уте тогаш се знаеше дека нема ништо да биде од тоа.”

Трафалгар ресурс го купи и рудникот Тораница. И таму, од септември до сега се прават само подготовки, со ископ на рудата не е започнато, а 400-те рудари на кои им беше ветено дека ќе бидат работно ангажирани сеуште чекаат на повикот на газдата, иако законскиот рок производствениот процес да го започне одамна е поминат:

,,Ние сакаме што побрзо да почне да работи рудникот. На нас ни треба најмалку шест месеци да се подготвиме и да почнеме редовно производство.”

И во рудникот саса ветените средства од рускиот државјанин со фирма регистрирана на Карибските острови сеуште не се пристигнати. Одтаму велат, се чека да се расчисти судскиот спор, со несуденито сопственикна рудникот Блажо Тасев.

,,Решение има од судот, коешто до денеска ако не вложи жалба ќе биде правосилно, а штом е правосилно значи условите се исполнети, продажбата се одобрува,”

вели Власто Стојменовски координатор за стечајни активности во ,,Саса”. Во рудниците за олово цинкова руда ,,Саса”, ,,Злетово” и ,,Тораница” доколку започнат со нормално производство треба работно да бидат ангажирани околу 1800 рудари. Досега ниеден од нив не работи.
XS
SM
MD
LG