Достапни линкови

Причина се лошите закони за судска постапка


Како дел од правосудниот систем, несомнено е дека и адвокатите придонесуваат за неефикасноста на судството, велат судиите и адвокатите. Тие истакнуваат дека за надминување на проблемите потребно е и промена на законите:

,,И адвокатите придонесуваат за долго траење на постапките со злоупотреба на нивното право. И тие вршат јавна функција и се должни да ги почитуваат законите. Меѓутоа, во интерес на обвинетите, го злоупотребуваат правото што им го дава законот, за да не се јават на судења, но не би кажал дека тоа е исклучиво нивна вина,”

изјави Агим Мифтари судија на Врховниот суд кој ги посочува и останатите причини за критиките на адреса на судството, меѓу кои промена на законската регулатива, како законите за парнична и кривична постапка, потоа доставата која како што вели ако таа се реши во најголем дел ке отпаднат причините за честите одлагања. Но, освен овие објективни причини тој додава дека има и субјективни причини како слабости кај судиите кои неподготвени закажувааат судења со што на некој начин се придонесува постапките да траат долго. Дека причина за нефеефикасност е законската регулитива посочува и адвокатот Антонио Апостолски:

,,Според мене главна причина е неефикасната законска регулатива што ги одредува постапките. Ако дојде до нивна промена, тогаш може да зборуваме за поефикасно судство. Ниту адвокатот, ниту судијата не можат да влијаат на постапката, ако законодавецот тоа го реши на добар начин.”

Адвокатот Шпенд Деваја вели дека и по промената на законите ке биде потребно време за да се зголеми ефикасноста на судството:

,,Законот ќе биде донесен, ама примената ќе биде проблематична. Најмногу ќе страдаат странките, ама нема да страдаат затоа што се адвокатите неспремни, туку треба да се земе предвид дека често пати постапките се одолговлекуваат заради неспремност на судиите и обвинителите.”
XS
SM
MD
LG