Официјалните резултати од вчерашните избори велат дека опозиционите Христајанодемократи добиле четириесет и пет проценти, што е повеќе од она што заедно го освоија партиите од владејачката коалиција: Социјалдемократите триесет и седум насто додека Зелените, само шест проценти од гласовите.
,,Со ваквиот горчлив изборен резултат за мојата партија во Северна Рајна Вестфалија, политичката поддршка за продолжување на нашите реформи е доведена под прашалник“
изјави канцеларот Герхард Шредер кој наведувајќи ја својата одговорност најави дека ќе побара сојузниот претседател Хорст Келер да ги свика изборите оваа есен, а не како што следуваат редовно, во сепетмври догодина. Со тоа Шредер стана првиот канцелар во поствоена Германија кој предлага одржување предвремени избори во земјата. Неговата одлука е јасен одговор на поразот во Северна Рајна Вестфалија, многу индустриализиран регион во кој партијата на Шредер е на власт повеќе од триесет и девет години. Лидерот на Христијано демократите Ангела Меркел, вчерашната победа во таа покраина ја оцени како историска. ,,Тоа јасно покажува дека црвено зелените влади се неспособни да ги решат горливите проблеми на оваа земја, како што се невработеноста и слабата економија,, рече Меркел во победничкиот говор по што социјалдемократите соопштија дека сакаат предвремни парламентарни избори. ,,Шредер е канцелар и кандидат за канцелар,, изјави претседавачот на неговата партија Фриц Минтеферинг. Предлогот на социјалдемократите веднаш ја доби согласноста од Ангела Меркел. Ако мислат дека тоа е правилно, тогаш тоа е добро за земјата,, рече таа. Според аналитичарите, канцеларот Шредер кој е на средината од неговиот втор мандат е познат по политичката борбеност. Тоа, како што додаваат, му била добра предност и шанса да победи на национално ниво ако дотогаш успее да го изденфува негативниот ефект од реформите. Иако намалувањето на социјалните бенефиции, вклучувајќи ја тука и компензацијата за невработеност, беа воведени за да се поправи сликата со вработеноста во земјата, сепак тоа досега не се случи. Повеќе од дванаесет проценти од работоспособното население е без работа. Затоа има и многумина политички аналитичари кои сметаат дека Социјалдемократите би можело да ги загубат и општите предвремени избори. ,,Северна Рајна Вестфалија секогаш беше душата на Социјалдемократската партија. Таа сега треба да го изнајде најдобриот начин да си замине од власта која, по вчерашните резултати, ќе биде многу тешко да ја спроведува во наредната година ипол,, вели Уве Јун, аналитичар од Универзитетот во Трир.