Економската владина програма содржи пакет мерки наменет пред се за решавање на трите клучни проблеми на македонската економија: недоволниот економски раст, невработеноста и дефицитите во трговскиот и платниот биланс, рече денеска премиерот Владо Бучковски. Главен предуслов за ефикасноста на сите мерки е да се подобри бизнис и инвестициската клима во земјава, а тоа како што посочи премиерот ќе се постигне со отстранување на некои посебни бариери, ќе се активира едношалтерскиот систем за брза регистрација на фирмите, обезбедување на квалитетна и достапна инфраструктура и на инвеститорите ќе им се обезбедат дефинирани и заштитени права на сопственост:
,,Со подобрување на бизнис климата добиваме адут повеќе во активната потрага на владата по конкретни странски инвеститори. Овде не охрабруваат најавите од германскиот гигант Сименс, да потпише меморандум за соработка. Одлуката што ја донесе руската компанија Лук Оил да ги гради најавените бензиски пумпи во нашата држава.”
Презентирајќи ја владината програма, премиерот најави и мерки за стимулирање на извозот, како целосно ослободување од плаќање царини за увоз на суровини и репроматеријали за производство, полесен пристап на домашните извозници до финансиски средства и слично. Динамизирањето на економскиот раст, создавањето на поволна бизнис клима и поддршка на извозот и на малите и средни претпријатија, Буковски рече дека ќе влијаат за намалување на невработеноста, за што најави и воведување на флексибилен начин на вработување, кофинансирање на работните места, субвенции за преквалификација:
,,Со метките што сега ги преземаме очкуваме до крајот на идната година вкупниот број на невработени да се намали за цели 60,000 луѓе.”
Експертите исто така се согласуваат дека треба да се спроведат овие мерки на среден рок. Но, додаваат оти е потребно време да се почувствуаат ефекти:
,,Ефекти да може да се почувствуваат, без година и пол до две, реални ефекти не може да се очекуваат. Освен ако не дојде во многу брзо време, неколку големи странски инвестиции,”
изјави Ванчо Узунов, професор по применета економија на правниот факултет во Скопје.