Достапни линкови

Филмска премиера на Канскиот фестивал


Kино посетителите во цел свет со нетрпение ја чекаа неделата на големото финале на најуспешната филмска серија ,,Војната на звездите,,. Денешното генерално прикажување на шестиот и конечен филм од вселенската сага ,,Одмаздата на Сет,, во светските кино сали ја имаше премиерата на Канскиот фестивал. Оваа холивудска продукција е уметност но и машина за правење пари.

Економистите велат дека филмската серија Војната на Звездите ако беше држава ке се пласираше на 67 то место на ранг листата на Светската Банка според бруто домашаниот продукт. Или со други зборови ке беше пред Србија и Црна Гора. Ако пак се земе се заедно, вклучително видео рентањето, другите приклични продажби тогаш се доаѓа до бројка од 22, 5 милијарди долари остварени во периодот од 28 години од првата премиера на првиот филм. Тоа, е велат економистите двојно повеќе од годишниот Џи Ди Пи на официјалните економии на Узбекистан или Естонија односно четири пати повеќе од економиите на Македонија или Авганистан. Хронологијата на делата на Џорџ Лукас е поделана. Прво одеше серијата од 3 филма позната како ,,Трилогија на Војната на Звездите,, за вселената таква каква што станува во времето на трилогијата. Последните три филма пак се враќање назад. Џорџ Лукас вели дека финалниот фил е трагедијата на воинот кој се бори за доброто младиот Анакин Скајвокер кој станува опседнат со злото и се трансформира во самото зло во Дарт Вадер.

„Сето тоа е еден филм. Беше напишан во исто време. Тоа е приказната за трагедијата на Дарт Вадер.“

Џорџ Лукас вели дека сака да почнува од средина. Во Трилогијата се сфаќа дека Дарт Вадер е таткото на херојот. И на крајот монструмот е херој. Тој е оној што е проколнат низ примерот на сопствениот син. Лукас во Кан на новинарите им рече и дека последниот филм е предупредување до Соединетите Држави за опосаноста по демократијата од внатре. Според Лукас, сите филмови ја имаат за тема индикацијата во која историските демократии стануваат диктаторски режими. Лукас исто така вели дека филмот е паралела за приказната за американското инволвирање од Виетнам до Ирак. Еве ги критиките што последниот финален филм од Војната на Звездите - ,, Одмаздата на Сет,, ги доби во неделата во Кан.

„Мислам дека е прекрасен. Импресирана сум дека ги поврзува сите филмови на Војната на Звездите.

Тој е тажен знаете. Јас бев изненаден бидејки е многу подлабок од претходните филмови. Тој е за манипулацијата, за предавството и љубовта која исчезнува. Ќе биде хит насекаде.“


Директорот Џорџ Лукас вели дека е овој последен филмот е многу потемен и понасилен од претходните поради што препорачува децата да не го гледаат.
XS
SM
MD
LG