Јавниот Обвинител Александар Прчевски искажа многу невистини и критики кои не држат во адреса на Антикорупцисаката Комисија вка гласи првичната реакција ова комисја , откако Прчевски обвини дека има судир на интереси мегу некои членови на Анти корупциската комисија. Токму поради ова Прчевски од Собранието побара да разреши тројца членови на Антикорупциската комисија Сериозно размислувам да поднесам кривична пријава за клевета против јавниот обвинител изјави за Радио Слободна Европа Драган Малиновски:
„Размислувам дури и за поднесување кривична пријава против обвинителот за клевета бидејќи тоа што таму го кажува се импровизации и манипулации со јавноста. Наводно, податоци што сум ги барал, па сум ги користел, што нема врска.“
Прчевски ги обвини поранешниот претседател на Комисијата Трпеновски и актуелниоот Малиновски дека ги злоупотребиле матерјалите од обвинителството што по службена должност ги добивале, а потоа нив ги користеле да ги бранат обвинетитеод нивните адвокатски канцеларии.
Вербалнте обвинувања мегу анти корупциската комисија и јавното обвинителство почнаа само неколку месеци од како профункционира анти корупциската комисија. Досега Јавното Обвинителство беше посочувано како институција која одбива да соработува со антикорупциската комисија:
„Проблем е дефинитивно она што одамна стои. Сеуште не е деблокирана релацијата со јавниот обвинител. Очекувавме тоа да се надмине, ама причините треба да се бараат на другата страна. Од наша страна нема ниту причини ниту пречки. Ние она што го имаме го доставуваме до јавниот обвинител, а повратна информација немаме што се сработило и на некој начин дознаваме и преку медиумите и на друг начин дали некоја наша иницијатива е прифатена или не, што секако не е добро.“