Господине Сулејмани се сретнавте со неколкумина новоизбрани градоначалници. Кои се нивните впечатоци и дали се подготвени да се соочат со новите ингеренции кои ги добиваат со децентрализацијата?
Да, секако дека мојата средба со градоначалниците имаше првенствено за цел да воспоставиме една институционална соработка меѓу централната и локалната власт. Јас не би сакал централната и локалната власт да имаат односи на влада и синдикално движење, значи ако нешто не ни се допаѓа и не успееме да најдеме заеднички јазик, тоа да бидат протести, да биде плукање по реформи. Идејата е сосема друга. Децентрализацијата е изборот на Република Македонија, да стане членка на ЕУ и НАТО. Но, тука паралелно оди и локалната демократија. Се со цел, овој процес да биде што поуспешен и ние сакаме да воспоставиме такви односи со локалната власт. Значи, институционални односи, не партиски, не регионални, туку сите тие кои учествуваат во градењето на локалната демократија, во спроведувањето на Законот на локалната самоуправа, да соработуваат институционално со локалната самоуправа и локалната власт, посебно додека се воспостават елементарни предуслови локалната демократија да стане на нозе и да ги даде очекуваните резултати. А, кои се тие очекувани резултати? Тоа е граѓаните на Република Македонија да сфатат дека тие се тие кои добија со децентрализацијата. Дека тие се тие што треба да добијат поквалитетни услуги, потранспарентно трошење на нивните пари, подобри услови за живеење, подобро основно и средно образование, подобра заштита на нивните деца и подобар можност за културна и спортска рекреација. Ако граѓаните тоа го сфатат и почувствуваат, тогаш е јасно дека овој процес има перспектива.
Но, сведоци сме дека дел од градоначалниците не се баш и наклонеите кон децентрализацијава, ако може така да се каже. Тие велат дека со неа добиваат само зголемен број обврски, а не и ингеренции?
Прерано е да направиме пресек и оценка и да дадеме такви заклучоци. Јас првенствено тоа го гледам како фобија на новите градоначалници кои без искуство, без сознанија како функционираат општините, што е локална власт, како треба да се спроведе и како да се работи со администрација, одеднаш бараат причини за евентуалниот нивен неуспех. Дефинитивно тој пристап не е добар пристап. Јас сум убеден дека 84 градоначалници еднакво ќе го гледам во тој процес. Моите средби со градоначалниците ми даваат за право, и тоа како знаат дел од нив, што ги очекува и некои од нив одат и со идеја плус, идеја која што може да ни помогне понатаму. Тие се свесни дека моќта има своја цена. Тоа треба големо ангажирање и професионалност. Тие коишто тоа ќе го сфатат, ќе бидат успешни градоначалници и главни промотори на локалната демократија. Но, за жал, сигурно дека ќе има и такви градоначалници на кои ќе им треба време да навлезат во овие проблеми, па затоа однапред научиле некои фрази, пренос на надлежности, но не компетенции итн.
Друг проблем со кои се соочуваат новите градоначалници се и долговите кои им ги оставија нивните претходници. Ќе помогне ли владата во решавањето на овој проблем?
Факт е дека овој проблем беше меѓу почестите поставени прашања. Но, секаде ги убедив и мислам дека дел од нив навистина се убедија дека овој проблем треба што поскоро да се реши. Но, не да се реши на тој начин што општините секогаш недомаќински ќе ги трошат парите, нема да знаат да се справат со компетенциите и законот, тие што секогаш ќе им треба некој да ги покрива нивните грешки. Тоа е долгорочно лошо за нив. Со таков имиџ, на сериозно задолжување. Тие се задолжени 42 милиони евра, никој сериозен донатор, кредитор нема да се нафати да работи со нив. Затоа што побрзо овој проблем да се надмине. Но, проблемот е првенствено во самите општини. Ние како влада до крајот на месецов ќе излеземе со програма со којашто ќе им нудиме начин како тоа да се надмине, но тоа не смее да биде начин со којшто владата ќе биде онаа којашто ќе интервенира да ги поправа нивните грешки, па да ни се повторуваат тие проблеми. Тоа не смее да ни се случи. Па, не и сегашните градоначалници да ги платат долговите и гревовите на претходниците. Решението треба да биде, долговите кои ги стекнале остануваат со одложено плаќање, но општината треба да функционира. Едно нешто што државата ќе преземе како обврска е долговите по основа на експропријација. Тие долгови најверојатно државата ќе ги преземе. Државата ќе проба за каматите дел од нив, или 50 насто од каматите да ги покрие со некој донатор. Но, основицата треба да ја платат со одложено плаќање или начин со кој ќе се договорат со нивните партнери. Решение мора да има, но такво што ќе го поправи имиџот на општината како субјект.
Што се случува со општините Чаир и Бутел и Кисела Вода, од каде што произлезе новата општина Аеродром. Како овие општини ќе си ги решат проблемите, просториите и другата администрација?
За овие општини законот точно предвидува дека тие ќе ги користат истите простории и администрација се додека не се направи делбен биланс. Кога тоа ќе се направи ќе се знае кому што припаѓа од имотот и долговите. Но, и покрај ова, ние како влада се обврзавме да им гарантираме 150 метри квадратни работни простории се со цел да не дојде до ситуација општините да немаат каде да работат. Иако, правото останува тие да ги користат и администрацијата и просториите на поранешните општини. Така што, тој проблем е решен. Со двете општини ние како Влада имаме склучен договор за 150 квадрати, но дали ги користат или не, со кој стандард сакаат тие да бидат, тоа е веќе прашање на општините. Тие може да земат и најскапи простории, ама тоа чини, ако политиката на градоначалникот е дека така треба да живее, тоа е негово прашање, но за тоа ќе одговара пред граѓаните кога ќе дојдат изборите.
Доколку се докаже дека некоја од 84-те општии не е во состојба да опстои, што во тој случај?
Вие знаете дека до 2007 година ќе се врши проценка на општините дали создале капацитет да функционираат. Така што, дел од надлежностите од крупните надлежности, во четири крупни области, како образование, труд и социјала, култура и здравство, вие знаете дека тие во моментов се финансираат преку наменски дотации. Дали понатаму ќе продолжи и како ќе продолжи зависи од тоа дали општините се спремни да ги прифатат во полн капацитет и тој дел од надлежностите. Сакам да кажам дека после две години ќе се процени дали општините имаат капацитети и дали тие сакаат така да живеат. Нема посебна обврска, но ако има желба кај граѓаните дека тие треба да се приклучат кон одредена општина, има одредена процедура со која може да се процени и може да се направи спојување или окрупнување на општините или на друг начин да ги решаваат проблемите, со соработка со друга општина или да остават дел од надлежностите кај централната власт. Тие можности се предвидени со закон.