Достапни линкови

Опозицијата и власта со различни оценки за тоа колку брзо се одвива процесот


Наспроти критиките на опозицијата и впечатокот во јавноста дека процесот на денационализација оваа Влада го менаџира со забавено темпо министерот Никола Поповски тврди дека напротив тој се одвива забрзано. Имено, според Поповски рекордна е токму минатата 2004-та а втора по бројот на решени предемти е 2003-та. Сепак, Поповски признава дека постојат и објективни проблеми:

„Денационализацијата се одвива отежнато заради бројот на институциите кои според законот се инволвирани во целиот процес и постапката којашто се одвива бавно, меѓутоа, тоа е повеќе објективен, отколку субјективен проблем на Република Македонија како држава.“

Во првостепена постапка постојат 11 комисии а жалбите за илјадници предемти се слеваат во само една второстепена на ниво на влада, која признава Поповски станува тесно грло:

„Со оглед дека се работи за илјадници решенија коишто стигнуваат од секаде на второстепената комисија, таа станува тесно грло што по природа не нештата не може 11 првостепени не може да одговорат со една второстепена комисија.“

Заменик министериот за економија и претседатл на владината второстепена комисија Саша Андоновски смета дека клучно прашање е зошто не се професионализира составот на оваа комсија:

„Барем членовите на комисијата да бидат луѓе коишто навистина ќе го работат само тоа и ништо друго. Затоа што има повеќе од 2,000 предмети што се заостанати и нерешени. Невозможно е, дури и секоја недела да се состанува комисијата, дури и по 10-15 предмети да решава на седница, се надмине овој недостаток или се решат сите предмети.“

Од здружението за денационализација велат дека иако сега има помалку граѓани кои се обраќаат до нив сепак, остануваат веќе познатите проблеми:

„Ако се гледа дека 90 насто од решенијата што се донесуваат се обжалуваат и одат на второстепена владина комисија, тоа значи дека нешто не е во ред со донесените решенија. Се случуваат и работи како што е непредавање во владение. Потоа, се доцни со довршување на постапката,“

вели претседатлката Василики Викентиевиќ.
XS
SM
MD
LG