Достапни линкови

Прашањата за кои постои консензус не треба да бидат предмет на дополнителни документи


Предлагање на декларации во врска со уставното име на земјава е на некој начин релативизирање на нашата цврста и некомпромисна позиција дека тоа не треба да се менува, коментираат аналитичарите и политичарите во земјава во контекст на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија за усвојување на декларација за неменување на името. Од оие две партии сметаат дека со ова само дополнително ке се зацврсти позицијата на земјава. Според аналитичарите пак тоа е прашање кое е од витален интерес и воопшто не треба да биде предмет на некои дополнителни документи:

,,Една држава сигурна во сопствениот идентитет и став за овие битни прашања, никако не смее такво прашање да претвори во политичко прашање, уште и прашање по кое има политички консензус. Мислам дека прашањето е помалку дури и апсурдно. Ваквите декларации не ми е јасно кому се наменети? Ако е упатено тоа на сопствената јавност, тогаш е апсурдно, зарем ние ќе чекаме од парламентот некој да ни каже дека името е тоа што го имаме и нема да го претвораме во предмет на договор,”

изјави Билјана Ванковска од нститутот Евро Балкан. И за опозициската ВМРО-Народна, прашањето за името е веке апсолвирано

,,За мене се јавува, еве вака, на невидено, една дилема. Зарем е потребно, јас сега како пратеник и како граѓанин да давам дополнителни докази дека ќе го почитувам уставот, дека си го почитувам името и дека воопшто го почитувам своето постоење. Таков облик на дополнителна гаранција не ни треба. Мислам дека ќе биде контра попродуктивно,”

вели пратеникот Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи. Дека не е е потребно усвојување на дополнителни документи за да се потврди определбата на Македонија за неменување на уставното име, сметаат и од Социјалдемократскиот сојуз:

,,Јас лично мислам дека не е потребно со декларација да кажуваме дека сме за уставното име, затоа што нема потреба да се убедуваме ниту себе си, ниту некој друг дека го поддржуваме нашето уставно име и се идентификуваме со него,”

изјави Каролина Ристова, пратеник и претседател на Комисијата за европски прашања.
XS
SM
MD
LG