Новите градоначалници пред се сами ке треба да се соочат со проблемите и да ги решат, велат од Министерството за локална Самоупрва кои сепак се подготвени да им излезат во пресрет во рамките на нивните можности. Долговите од нивните претходници и превработеноста во администрацијата остануваат најголемиот проблем за дел од новоизбраните градоначалници.
„Тоа не значи дека Министерството за локална самоуправа нема да најде начини да им помогне и во моментов тоа го прави низ реализирање на обуки за градоначалниците и за општинската администрација, а вчера започна и обуката за финансиско работење на општините,“
вели портпаролот на Министертсвото за локална Самоуправа Ели Чакар. Новиот градоначалник на Светти Николе Слободан Дабневски вели дека со децентрализацијата се пренесуваат само обврските но не и ингеренциите
„Потрошен е буџетот за годинава и потрошен е самопридонесот. Општината и јавното комунално претпријатие е задолжено со еден милион евра, така што, направена е тивка блокада на работењето. Она што значи децентрализација и пренесување на ингеренциите од централна на локална власт, затоа што се пренесуваат само обврските, а ингеренциите ги нема.“
Со слични проблеми се соочува и Коце Трајановски градоначалникот на Гази Баба, буџетот на општината е птрошен како ке се снајдеме незнаеме вели тој.
„Долговите се милион евра, коишто општината должи. Може да се влезе во буџетот од следната година едно десет – дваесет насто, но најблаго речено е некоректно да се влезе целосно во буџетот, практично општината е блокирана.“
Портпаролот на Министерството за локална Самоуправа сепак посочува дека министерството за финансии е подготвено да интервенира во решавањето на дел од проблемот со долговите на општините
„Во суштина значи државата да ги преземе обврските и долговите по основ на експропријација, да се побараат донатори за преземање на дел од долгот по основ на камати, но основниот долг останува и натаму прашање што ќе треба да го разрешат претставниците на локалната власт.“