Достапни линкови

Долготрајни негативни тенденции во општеството и лошата економска состојба


Долготрајните негативни тенденции во општеството и континуирано лошата економска ситуација, се главните причини поради кои граѓаните немаат доверба во политичарите, сметаат експертите. Најновата анкета од овој месец што ја презентираше Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество споредено со октомври минатата година покажува дека степенот на доверба кон политичарите е опаднат за 5%, односно дури 40 отсто од македонските грагани не му веруваат на ниту еден политичар во земјава.

„Ништо веќе не влева доверба, ништо што се случува во државава.“

„Политачирите овде се лажови. Воопшто не верувам во нив да ви кажам.“ „Политичарите секогаш треба да бидат единствени, какви и да им се односите, тие ја претставуваат државата.“

Тенденцијата на немање визија, нереализраните ветувања, можноста во транзиционото македонско општество лесно да се дојде до политичка функција и уште полесно да се искористат погодностите што таа ги нуди, укажува дека недовербата кон политичарите меѓу граѓаните се повеќе ќе се продлабочува, предупредува социологот проф. Илија Ацески:

„Веројатно тој број повеќе ќе се зголемува и најверојатно ќе стигнеме до бројка од 60% кога луѓето воопшто нема да веруваат и да реаагираат на некои општествени состојби. Ние се прибилижуваме кон тој момент, таа незаинтересираност сега добива едни пошироки димензии кои можат да биде разурнувачки.“

Во оваа насока, анализирајќи ги актуелните изразени спротивставени мислења помеѓу Владата и претседателскиот кабинет, професор Ацески забележува:

„Тоа е една од најдобрите илустрации за тоа, што значи кога едни луѓе преминуваат од една на друга позиција и сега немаат доволно моќ, и поради тоа почнуваат да импровизираат.“

Еден позитивен момент во целата оваа негативна ситуација, според професор Назми Малиќи е единственоста која по прашањето за лошите општествени текови владее и кај македонските и кај албанските граѓани:

„Во ова има една позитивна работа, бидејќи меѓунационалните односи може да се сметаат за подобри меѓу македонците и албанците, бидејќи се надминува таа рамка на поделеност и граѓаните повеќе размислуваат за лична безбедност на човекови права.“
XS
SM
MD
LG