Достапни линкови

Гаранција од македонската влада за бранење од слобода на Бошковски и Тарчуловски


Македонската Влада до Хашкиот трибунал ќе издаде гаранции за бранење од слободата за обвинетите Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Заклучокот веќе е донесен од страна на Владата и во писмена форма ќе му биде доставен на трибуналот, соопшти денеска Министерот за правда Мери Младеновска Горгиевска.

,,Владата заклучи дека ќе издаде гаранција во случај доколку бидат пуштени и се наоѓаат на територијата на Македонија дека ќе ги предаде во Хаг.”

Освен оваа Владата, донела и одлука, сите докази кои во врска со случајот Љуботен, за кој се обвинети од Хашкиот Трибунал, Бошковски и Тарчуловски, да му бидат доставени на судот во Хаг.

,,Владата и во натамошниот период ќе постапува за сите барања што се добиваат од хашкото обвинителство.”

Соопшти Младеновска. На последната средба на македонската делегација со претставници на Хашкиот трибунал, меѓу кои и обвинителот Карла дел Понте, на Македонија и беа вратени четирите останати случаи од конфликотот во 2001-та за кои Хаг, водеше истражана постапка. За потанамошната судбина за овие случаи Младеновска информира:

,,Постапувањето во Република Македонија по случаите за кои нема обвинение од Хаг и претходно не беше во надлежност на Министерството за правда, туку на правосудните органи.”
XS
SM
MD
LG