Достапни линкови

Македонската влада одговори на дополнителните прашања од Европската комисија


Македонската влада одговори и на дополнителните 189 прашања кои денеска ке им бидат доставе ни Европската Комисија , информира вицепремиерот Радмила Шекеринска

,,Одговорите беа подготвени од администрацијата, беа усвоени од страна на владата и денеска ќе бидат испратени од Европската комисија.”

Таа најави и продолжување на разговорите за исполнување на политичките критериуми на Македонија за членство Унијата кои се и најважни. Разговорите кон крајот на месецот продолжуваат во Брисел:

,,На 31 мај во Брисел ќе се одржи втората рунда разговори по политичките критериуми, македонската делегација ќе треба да достави и дополнителни извештаи за значајни прашања, за сусдтвото, изборната регулатива, борбата против корупцијата, децентрализацијата итн.”

Европската комисија досега не дла проценка заодговорените прашања на македонската влада но според шекеринска неофицјалните информации кои ги добива владата се позитивни

,,Апсолутни мислам дека сум објективна ако кажам дека сите неофицијални информации коишто ги добивме е дека Европската комисија е задоволна од одговорите.”

Македонската влада очекува Европската Комисија да испрати и доополнителни прашања но не во овој обем како последниве 189.
XS
SM
MD
LG