Достапни линкови

Гавро Пановски, претседател на Сојузот на борците. Жртвите од НОВ не беа залудни бидејќи добивме државност


Господине Пановски, во деновите на одбележувањето на 60 годишнината од победата над фашизмот, од какво значење беше учеството на македонскиот народ во НОВ, добива ли тоа во тежина поради фактот на создавање на македонската држава?

Навистина прашање од коешто може да се добијат одговори, што доби Македонија од вклучувањето на таа коалиција, која беше започната војната против фашизмот. Прашањето е што околностите за поведувањето на таа борба од страна на КПЈ се познати, со другарот Тито, и повикот на таа партија до партијата во Македонија, да се вклучат и Македонците и Македонија во таа заедничка анти – хитлеровска коалиција. Битно е да се одбележи дека на заседанието на АВНОЈ беше клучен момент во кој Македонија се здоби со признание од коалицијата во која учествуваше и Македонија. И релативно после тоа, на составот во Прохор Пчињски Македонија беше прогласена како независна федерална единица во составот на Југославија. Тоа е момент кога се здобивме со државност, кога се констатира дека не беа залудни тие 25-26 илјади жртви кои Македонија ги даде за ослободувањето на територијата на Југославија, со нејзиното учество во завршните операции на сремскиот фронт и конечното завршување на војната во 45 година.

Кој беше придонесот на Македонија во конечната победа?

Првите години, 41, 42 беше формирање на партизанските одреди. Македонија на крајот на борбата реализира една преку 110 илјадна армија која во текот на револуцијата растеше. Придонесот е голем, иако по просторност Македонија не е така голема. Сепак, 25 илјади жртви што ги даде Македонија се придонес за успехот на Македонија во анти хитлеровската коалиција. Македонија не залудно ги даде тие жртви, доби слобода, државност, признаната беше нацијата и нејзината државност во рамките на Југославија, за да подоцна добие и своја самостојност.

Во оваа насока, неоспорно е значењето на НОВ за остварување на големиот македонски сон, создавање на македонската држава. Но, што е со стремежот од тој период за обединување на трите дела на Македонија?

Во поделбата која беше направена 1913 година во Букурешт, Грците добија 51% од тогашната територија на Македонија. Србија, доби еден приличен дел, а и Бугарија ја доби Пиринска Македонија. Но, состојбите беа такви што во НОВ, Англичаните веќе беа стационирани во Грција. Сигурно ви е познато дека имаше некои насоки од некои наши граѓани зошто да се оди на Трст, а не на Солун. Можеби требаше. Тогашното раководство на македонската војска, благовремено да го најави ослободувањето и присоединувањето на Пиринска Македонија, ако не на Егејска. Бидејќи прашањето на Егејска Македонија е посебен проблем, кој егзистира уште од 1913 година. Но, за Пиринска Македонија, бидејќи Бугарија беше во хитлеровската коалиција, ние можевме да го наметнеме тој проблем исто така како Хрватите и Словенците го наметнаа прашањето и проблемост со Истра, уште во текот на револуцијата. Меѓутоа, постоеше верување дека тоа ќе се реши после ослободувањето.

Зошто тогаш прашањето за обединување на Македонија не беше повторно отворено?

Па, зошто. Затоа што се заострија односите со Бугарија и Грција. Се испоставија многу други проблеми. Бугарија се стави на страна на информбирото. Знаете дека Тито беше тој што му кажа не на Сталин. И тоа прашање доби негативна насока.

Токму прашањето на обединувањето на Македонија подоцна предизвика поделеност во народно ослободителното движење. Колку беше изразена таа поделеност?

Се појавија некои групации кои беа затворани од страна на новата власт, затоа што никој во сопствената држава не ви дава за право да кроите нови поделби. Имаше доста негативности кои не беа пријатни за земјава кога се бараше нова насока и нови решенија за Македонија.

Има тенденција на поделба за улогата на анти фашизмот и неговото значење во некои земји, па дури и во некои земји од нашето опкружување. Сметате ли дека вакви обиди се присутни и во Македонија?

А, како да не. Има партии, не сакам да ги повторувам кои јавно се декларираат и ја негираа НОВ итн. Има и партии кои не вреднуваа. Тоа е најболниот проблем на македонскиот народ. Тоа неединство. И тоа секој го користи во момент кога е во тешкотија нашиот народ.

Се смета дека кај нас ова прашање беше изразено со изгдадбата на некои споменици од времето на бализмот во западна Македонија?

Денес не можам да бидам мирен. Не може да се вреднува балистичката организација. Тој беше роден од страна на Германците и Италјаните во таа територија Струга, Кичево, Тетово, Гостивар итн. Велат дека тие се бореле за ослободување. Какво борење кога беа чисти соработници и вреднувани на светско ниво како соработници со окупаторот. Ние сме имале албански бригади во составот на НОВ. Знаете колку Албанци загинаа на Сремскиот фронт? Албанци, во нашите редови. Ама, не овие балисти, кои сакаат денеска да ги воскреснат.

На крајот, како според вас од 60 годишна дистанца светот гледа на најкрвавиот судир на цивилизацијата, Втората светска војна?

Нека водат сметка дека сите тие настани, да бидат поука на следните генералции. Ние имаме подмладок во боречката организација, за да ги гаи традициите, да не се повтори таква жестока борба.
XS
SM
MD
LG