Достапни линкови

Распаѓањето на Советскиот Сојуз беше најголемата геополитичка катастрофа


Во последното обраќање до нацијата рускиот претседател Владимир Путин оцени дека распаѓањето на Советскиот Сојуз беше најголемата геополитичка катастрофа на векот. Оваа негова оценка, сепак, не предизвика поголемо бранување на руската јавност. Политичките аналитичари сметаат дека оценката на Путин претставува обид да си ја зголеми популарноста меѓу повозрасното население во Русија.

Во годишното обераќање до нацијата Владимир Путин ги употреби некои од најсилните зборови за да ја опише судбината на земјата во изминатите четиринаесет години.

„Распаѓањето на Советскиот Сојуз беше најголемата геополитичка катастрофа на векот. За рускиот народ тоа стана вистинска драма. Милиони наши граѓани се најдоа надвор од руската територија. Епидемијата на дезинтеграција исто така се прошири и во самата Русија.“

Оваа изјава на Путин предизвика дебати надвор од Русија, особено во врска со тоа што тој го спореди советското распаѓање со другите геополитички катастрофи на Дваесетиот век, како например Втората Светска Војна. Некои западни публицисти дури почнаа да сугерираат дека растот, а не распадот на Советскиот Сојуз ќе беше поголема катастрофа. Од друга страна путиновата изјава не предизвика поголеми турбуленции во Русија. Напротив, таа беше примена индиферентно и мирно. Борис Кагарлитски е директор на Мосоковскиот Институт за Глобализациски студии се согласува со претседателот Путин:

„Многу е јасно дека за поголемото мнозинство на русите, дезинтеграцијата на Советскиот Сојуз беше лична катастрофа. Тоа исто така беше катастрофа и за луѓето во Таџикистан, Узбекистан, Украина. Семејствата се поделија, животните стандарди се распаднаа, исчезнаа дури и минималните стандарди за човечка правдина.“

За други експерти пак, причината зошто изјавата на Путин не предизвикапоголемо внимание дома е фактот што таа доаѓа од поранешен член на советските тајни служби. Николај Петров е политички аналитичар во Карнеџи центарот во Москва. Тој вели дека коментарот на Путин покажува дека кај него постои извесна лична носталгија по Советскиот Сојуз, бидејќи распаѓање на таа земја го одбележа и крајот на неговата кариера како офицер на Ка Ге Бе. Петров смета дека Путин со ваквата изјава има намера да им подаде маслиново гранче на руските ветерани пред Прославата на Шеесет годишнината од завршувањето на Втората светска војна што на Деветти мај ќе се одржи во Москва. Во јануари годинава беа укинати социјалните бенефиции од советската ера, што предизика протести во земјата.
XS
SM
MD
LG