Кон стремежот на НАТО интеграцијата, Македонија е дел од повеќе меѓународни мисии надвор од земјата. Македонски војници се распоредени на нивната седма последователна ротација во Авганистан и четвртата ротација во Ирак. Македонското Mинистерство за одбрана најавува и зголемување на бројот на македоснките војници во странски мисии, а истовремено се и активностите и учествата во повеќе заеднички вежби:
„Армијата на Република Македонија има свои припадници во мисијата Слобода за Ирак, каде учестуваме со еден вод професионални војници и исто така ИСАФ мисијата во која учестувавме со 19 војници. Преку овие мисиии ние докажуваме дека нашата армија е подготвена да ги извршува задачите кои се дел од НАТО принципите,“
објаснува портпаролот на АРМ Димче Петровски.
Независно од учеството на вооружени сили во мисиите во Ирак и Авганистан, дополнително како дел од активностите на трите земји потписнички на Јадранската повелба, Македонија, Албанија и Хрватска, се и актуелните подготовки за учество на заеднички медицински тим во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан.“
„Начелно би требало нивното ангажирање да започне во месец август. Тимот ќе биде интегриран во некој од постоечките контингенти на НАТО земјите теренот. Времетраењето на мисијата е шест месеци, а предвидени се три ротации,“
вели портпаролот Петровски.
Македонската влада најавува продолжување на имплементација на реформите во одбраната според стратегискиот одбранбен преглед. Допрва следуват клучните процеси како трансформација на силите, имплементација на новиот систем на управуање со кадри, како и трансформација на Воената болница и Академијата. Оценките се дека Македонија бележи значителен напредок на полето на реформите во одбрамбениот и безбедносниот сектор. Кога станува збор за одбрамбениот сегмент, позитивна е оценката и на претставниците на НАТО.
„Реформите во одбраната се одвиваат добро. Генерално сите се согласуваат дека Македонија напредна многу со реформите во одбраната. Но Дали треба да се направи уште? Да има уште многу работа пред вас, но добро напредувате. Со текот на времето ќе видиме што се постигнале“
изјавува Крег Ретклиф од НАТО.
И покрај позитивнтие коментари во овој дел од спроведување на реформите од од Алијансата потенцираат дека членството во НАТО зависи исклучиво од Македонија и нејзината понатамошна активност во спроведување на реформите.