Достапни линкови

Повелбата го забрза процесот за членство во НАТО


Јадранската повелба несомнено им помогна на земјите потписнички, забрзано да чекорат кон северно атлантската алијанса, велат експертите во земјава кои се согласуваат дека за краток период, направен е голем напредок во реализацијата на одбранбените реформи:

„Безбедносниот дел, барем ценето според она што се случува во Македонија и Хрватска, за Албанија не би имала податоци да кажам, работите одат добро. Дали тоа е резултат на Јадранската повелба е тешко да се каже, но импулсот е даден и во тој дел сигурно соработката оди добро и прогресот е видлив.“

„Мислам дека со повелбата се забрзаа некои процеси, затоа што се влијаеше и технички, професионално, политички и направени се огромни реформи поради преземените обврски од повелбата, која е многу концизна и прецизна,“

велат професорот Билјана Ванковка и аналитичарот и советник за надворешна политика во владата Мерсел Биљали.

Според Ванковкса, освен одбранбените од земјите потписнички се очекува да се исполнат и најважните, политичките реформи:

„Она што недостасува како други критериуми е видливо, во Хрватска недостасува соработката со Хашкиот трибунал, во Република Македонија се поставуваат барања од типот на реформа на судскиот систем, елиминирање на корупцијата и слично. Така што, останува приоритетот да се комплетираат реформите.“

Биљали и Ванковска со поделено мислење дали Јадранската повелва гарантира зачленување во пакет на земјите во НАТО:

„ Тоа е целта и идејата на документот и верувам дека тоа така ќе заврши.“
„НАТО алијансата своите одлуки ги донесува врз основа на силни политички криериуми и тие не би можеле да се аплицираат еднакво на сите земји во оваа група. Би оставила можност да се оди и на индивидуален прием.“


велат Биљали и Ванковска.

Македонија, според Биљали, до 2007 ќе стане членка на НАТО

„Најверојатно освен не се случи којзнае што, што би се оценило како драстично прекршување на основните стандарди за членство во НАТО Алијансата.“
XS
SM
MD
LG