Достапни линкови

Освен политичките напори, образување кадри способни за преземање на обврските


Настојувањата на Хрватска што побргу влезе во Европската Унија не се сведуваат само на политичките напори туку, меѓу другото и образување на кадри кои во дадениот момент ке ги преземат многубројните работи. Поради тоа на Универзитетот во Осиек отворени се пост дипломски студии за Регионалната Соработка и Интегрирањето во Европската унија.

Раководителката на пост-дипломските студии за Регионална соработка и евро интеграции доктор Ана Машек вели дека целиот проект е заснован врз повеќегодишно истражување кое почна од првите настојувања на Хрватска за влез во Европската Унија. Уште тогаш вели Машек беше јасно дека на Загреб ќе му требаат многу кадри со специфични знаења.

„Решивме да ги отвориме овие студии бидејки сфативме дека нашите луѓе кои врска со Европската Унија би требало да знаат многу повеќе отколку што им е дадено со постоечкото образование.“

Сличните студии кои веќе постојат во Европа, им беа пример на хрватите при воведувањето на нивните студии. Имено, како што вели раководителот професор Ана Машек, факт е дека луѓето кои денеска работат во државните служби , без оглед на стручноста немаат доволно знаења за должностите кои ги чекаат кога Хрватска ќе влезе во Унијата. Од друга страна, бидејки и Осиечкиот Универзитет нема доволно кадри за организација на овие студии, се ангажираат предавачи од Загреб и од странство. Станува збор за професори кои работат врз апликативни проекти.

„Во студиите се вклучени и универзитетите со кои имаме преку гранична соработка односно делот од мрежата Клагенфурт, Мелбурн, Печух, Тузла, Марибор.“

Интересот вели професоркаат Ана Машек е голем и на пост дипломските студии се јавија лица кои се веќе вработени. Овој проект корисен за хрватската дрќава го помогаат министерството за одбрана на Хрватска, Еуродом од Унгарија, и градот Осиек.
XS
SM
MD
LG