Достапни линкови

Состојбите од минатиот период не се надминати


Две спротивставени квалификации ги одблежуваат македонско бугарските односи. Од една страна континуираните оцени на политичарите од двете страни, дека односите меѓу двете земји се добри, а од друга страна традиционалните инциденти кои се случуваат речиси при секое одбележување на значајни годишнини на македонски историски дејци во Бугарија кои не потестуваат дека состојбите од минатиот период не се надминати, оценуваат македонските историчари. Според академик Блаже Ристевски, ова се должи на отуството на пиширока стратегија од страна на македонските власти во одбрана на својот културно историски идентитет:

„Тие си ја тераат својата традиционална политика што има историја од век и пол. Тоа е израз на нашето незнаење и неумеење да водиме политика,“

објаснува професор Ристевски. Наспроти оценките на македоснктие власти дека на македонските организации во Бугарија, им беше дозволено да ја одблежат 90 годишнината од смртта на револуционерот Јане Сандански во Роженскиот манастир, професор Ристевски оценува дека тој чекор бил само формален.

„Ова што сега се случува во Рожден, тоа е традиција. Тие годинава формално дадоа како држава, ама во суштина подбуцнуваат други да го спречуваат.“

Наспроти случувањата во соседна Бугарија и Македонија памети слични настани предизвикани од историските разлики мегу двете земји, кои беа иницирани од странски државјани на наша територија, како случајот Ратко или Мара Бунева. Во македонското министерство за внатрешни работи во ваков случај велат дека постои соодветна реакција.

„При ваквите настани МВР е должно да преземе потребни мерки за заштита, значи да се зачува јавниот ред и мир,“

објаснува Горан Павловски од МВР.

Колку во оваа насока отворањето на културно информативните центри, македонски во Софија и бугарски во Скопје, ќе бидат во функција на надминување на ваквите ситуациии?

„Во принцип тоа е позитивна насока за отворање културно инфативни центри, но се плашам дека тоа ќе бидат само додатни пропагандни институции и нашиот центар нема да биде толку ефикасен, затоа што ние како држава не сме во можност државно да го помагаме тој центар,“

вели академик Блаже Ристевски.
XS
SM
MD
LG