Достапни линкови

Синдикатот не отстапува од барањето за промени


Синдикатот, иако за сега декларативно, не отсптапува од барањето за промена на одредбите од предлог законот за работни односи, но и потсетува дека незадоволството на работниците во спротивно може да се излее на улица. Законот, кој според синдикатот е крајно рестриктивен, на пример, меѓу другото предлага, ако работникот не добие плата повеќе од три месеци да си даде отказ, опција што практично им остава простор на работодавачите да не ги плаќаат работниците:

„Исто така, покрај ова, се дава можност, работодавачот на работникот да му понуди нов договор за вработување со променети услови. Ова ќе биде класична уцена на работниците од страна на работодавачите, со оглед и на бројот на невработените. И на крајот сите работници ќе стрепат за своето работно место, ќе немаат буквално никакви или сосема минимални права,“

вели Пеце Груевки, претставник на синдикатот, според кого подеднакво спорни се и низа други одредби од законот. Според Груевски, исто така, дискутабилни се и начинот на кој се регулира правото на штрајк, потоа надоместоците за храна, превоз и К-15, бидејќи се многу нејасно утврдени, со што работодавачите повторно би имале одврзани раце. Таквите забелешки на синдикатот ги делат и поголемиот дел од македонските граѓани кои оценуваат:

„Работниците дојдоа како робови, прават што сакаат со нив, нема социјален пакет, луѓето мора да живеат од нешто.“

Токму имајќи го на ум незадоволството од содржината на законот, синдикатот побара итна средба со премиерот Владо Бучковски повлекување на законот од владина процедура, доколку тоа не се случи:

„Тогаш верувајте ми, дека пред синдикатот нема друго решение, а тоа веројатно ќе го разберат и работниците, освен со сериозни протести и штрајкови да се спротистави на еден ваков ригиден закон.“

Но најавата за протести, како механизам за притисок според некои согледувања на граѓаните, отвора и сомневања и за капацитетот и кредибилитетот на ССМ да се бори сериозно за остварувања на барањата на работниците. Еден граѓанин во тој контекст вели:

„Во прашање е колку е исполитизиран самиот синдикат, колку навистина ги застапува интересите на работниците тоа е големо прашање, меѓутоа мислам дека синдикатот нема многу да постигне за вработените ако продолжи да работи на начинот на којшто до сега работеше.“
XS
SM
MD
LG