Достапни линкови

Обвинителството треба да реши дали ќе покрене постапка


Јавното Обвинителство ќе реши дали четрите случаи кои ги затвори трибуналот и ги врати во Македонија ке се најдат повторно пред истражните органи вели Агми Мифтари судија на Врховниот суд кои потенцира дека мора да почекаме да ги видиме предметите:

,,Од министерство за правда и јавно обвинителство ќе зависи дали ќе дојдат на суд или не. Додека не дојдат предметите никој не може да ви даде коментар.”

Хаг во Македонија ги врати 4 предмети од 2001-ва, Липковската брана, киднапираните Македонци од тетовско, малтретираните градежници и водство на ОНА, ова им беше соопштено на македонскиот министер за правда Мери Младеновска и Јавниот Обвинител Александар Прчевски.

Неодамна Прчевски во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека македоснките истражни органи ке ги гонат сторителите на тие кривични дела

,,Ние сме должни да ги гониме лицата сторители на тие кривични дела, значи должни сме да поведеме постапка за истрага. Сега би било прејудицирање ако било што друго полемизираме во таа насока.”

За 2 од нив, за киднапираните и убиени 12 Македонци од тетовско и за малтретирањето на работниците на „Маврово“, најверојатно ќе има постапка, велат добро информирани владини извори.

За Липковска брана и за водството на ОНА, отварање на постапка во македонското обвинителство ќе зависи од доказите кои ќе бидат вратени назад од Хаг, за кои се смета дека е направена грешка уште кога предметите биле предавани во хашкото обвинителство.

Враќањето на четирите предмети во Македонија се очекува да предизвика дополнителни проблеми на политички план пред се во владината коалиција. ДУИ смета дека македонскит истражни органи немаат никаква ингеренција над овие случаи повикувајќи се на законот за амнестија:

,,Се нарушува таа одредба за амнестија ако се отвораат случаите, мислам дека не е добро тоа за државата, затоа што се враќаме во времиња што би сакале да ги надминеме, а тензиите би биле многу поголеми ако се отворат случаите. Подобро е тоа да се остави на амнетсијата.”

изјави пратеникот Хусеин Џеват од ДУИ.
XS
SM
MD
LG