Професоре Вајсман, што за вас значи признанието почесен член на МАНУ?
Па, ова е голема чест. Мислам дека јас сум првиот Американец кој е избран за член на академијата. Затоа сум особено почестен, ова е навистина голема награда за мене. Ја знам академијата уште од првиот пат кога дојдов да работам тука. Восхитен сум што сум повторно во Македонија.
Долго време истражувавте во Стоби, што се откривте таму?
Ние работевме таму многу години. Беше тоа здружен тим од цела Југославија. Најголем број од луѓето кои работеа во Стоби беа од Македонија. Имавме професионален персонал од околу 50 луѓе. Го истражувавме овој антички град, со идеја да се обидеме да разбераеме како градот се развивал во тоа време, каков бил животот во тој град. Имало неколку цркви во Стоби што беше особено важно за да се разбере тоа општество. Ги проучувавме остатоците од човечката популација во тоа време. Имаше полно различни активности кои требаше да се направат. И сеуште работиме на издавање на публикации поврзани со нашиот проект во Стоби.
Од кој период датираат најголемиот број на пронајдоци во Стоби?
Ископавме остатоци од сите периоди на градот, тоа бил мал град од доцниот четврти век пред нашата ера. Подоцна тој прераснува во голема заедница особено во времето на римскиот император Август и продолжува да се развива како урбан центар до доцниот шести век по нашата ера. Имало одредени прекини кои се случувале како на пример инвазијата на Готите, имало тешки времиња со поплави и слични временски непогоди кои ги принудиле жителите на Стоби да изградат нови градски ѕидини, намалувајќи ја површината на градот за околу една третина. Многу од ова ние го откривме за првпат, бидејќи во литературата нема многу податоци за ова. Во литературата Стоби првпат се појавува како една од главните престолнини на Македонија Салутарес многу краток период и подоцна во средината на петиот век како престолнина на Македонија Секонда. Знаеме само дека тоа бил стар град во кој живееле Пеоните, но тоа е се што можеме да прочитаме во литературата. Затоа, моравме да ги истражуваме остатоците од хеленистичкиот период за да дознаеме нешто повеќе за животот во Стоби. Успеавме да истражиме некои фази од сите главни временски периоди. Ги откривме прекрасните мозаични подови и фрески со кои е богат Стоби. Затоа моравме да имаме уметници и технички персонал кои се експерти за врвни уметнички дела како што е Стоби.
Според вас колкав е степенот на заштита на македонските археолошки наоѓалишта?
Засега сеуште не сум успеал да видам многу од нив. Но, знам дека во текот на изминатите години, агенциите со кои контактирам напорно работат на заштитата на локалитетите, а тоа е исклучително тешка работа. Претпоставувам дека тие ќе бидат во добра форма кога сега ќе ги посетам. Има посебни проблеми во Стоби на пр. има големи уметнички дела и особено вредна архитетектура од различни временски периоди која е многу тешко а и чини многу да се заштити. Бидејќи сето ова е многу скапо, се надевам дека Стоби ќе биде признаен како светско културно наследство, и знам дека ова е желба и на моите колеги од Македонија, но ова мора да започне со барање од страна на македонската влада, а тоа пак подразбира исполнување на одредени предуслови како што е конзервацијата. тоа пак ќе овозможи дополнителни приходи од УНЕСКО или некои други фондации за заштита на културните наследства.
Шо мислите, колку е богат македонскиот регион со археолошки богатства и цивилизации?
Има тука една голема работа. Ова била многу важна област за време на Римската империја. ма многу важни археолошки локалитети во Македонија. Покрај Стоби тука е и Хераклеја, кадешто се правени ископувања многу години и каде што се пронајдени многу интересни и несекојдневни остатоци од театрите лоцирани таму. Има некои рано христијански базилики и убави уметнички дела кои може да се најдат таму. Секако тука е и Охрид кој е светско културно наследство кадешто имате остатоци истотака од театарот од времето на римскиот период. Можам да набројам уште многу други археолошки наоѓлишта кадешто може да се пронајдат многу остатоци, може да се пронајдат и предисториски археолошки наоѓлишта. Македонија е навистина многу богата со археолошки остатоци. Археолозите постојано наоѓат материјали од времето на Пеоните, злато, маски и други траги од луѓто кои во тоа време петиот, шестиот век пред нашата ера, понекогаш и порано управувале со таа територија.
Колку е голема опасноста од одлевање на археолошките пронајдоци од македонските наоѓлишта?
Тоа е опасност за секоја земја која има такви материјални остатоци. Тоа е голема срамота. Но мислам дека често е случува луѓето да бидат измамени од туристи или од локални жители кои сакаат брзо да заработат пари, обидувајќи се да ги прошверцуваат таквите археолошки пронајдоци преку граница и да ги продадат на некој. Тоа оди на пазар и неговата цена постојано расте. Понекогаш тоа се прави од страна на професионални крадци, изненадувачки ама се работи за еден голем пазар.
Понекогаш даваме толку многу информации за вредноста на антиквитетите,што луѓето би купиле било што од некој кој би можел да биде професионален дилер кој на илегален начин се стекнал со тие предмети. Јас би кажал дека Македонија треба да се загрижи за ваквата појава, поготово сега кога туризмот оди во нагорна линија.
Стоби е вистинска награда за секој кој ќе дојде во вашата земја. Нема модерен град изграден над него, до него лесно се стигнува и има многу што да се види таму. Поминаа пет, шест години од мојата последна посета на Стоби и навистина се радувам што ќе имам можност да го видам повторно.
Дали македонскиот народ знае да ја процени вистинската вредност на археолошките пронајдоци?
Од секогаш сум мислел дека знаат. ќе ви кажам зошто мислам така. Се сеќавам на една случка додека работевме на Стоби. Еден од работниците фрли некој предмет преку оградата, а тогаш еден човек излезе од својот автомобил го крена предметот и избега. Тогаш работникот повика полиција и набрзо после тоа непознатиот човек кој избега беше фатен. Излезе дека човекот е учител кој сакал предметот да го пронајде. Замислете, сето тоа беше дело на еден обичен работник кој знаеше дека секое парче пронајдено на тоа место има голема вредност. Исто така кога ископувавме таму ни беа дадени одредени станици кои своевремено припаѓале на Ориент Експрес и нив ги поставивеме таму кадешто застанувал возот, во близина на железничката пруга. Застанувал точно на местото кадешто се наоѓал стариот град Стоби.
Тие ни беа дадени за целите на проектот. И го претворивме просторот во вистински музеј со сите откритија. Инсталиравме цел музеј таму, со светла и сите потребни работи за да добиеме реална претстава како се одвивале работите тогаш, и се сеќавам многу добро дека сите работници кои работеа било што за овој проект и сите селани кои живееја во близина, гордо и со воодушевување им ги покажуваа на свиоите деца и своите сопруги предметите извикувајќи: Е, ова е од гробницата, јас бев таму кога го ископавме. Да, тие беа свесни за големината на нашиот проект и вредноста на работите кои ќе ги пронајдеме на тоа место.