Достапни линкови

Обвинителството ќе поднесе жалба до Апелациониот суд


Обинителството пред Апелациониот суд, ќе поднесе жалба за ослободителната судска одлука за предметот Раштански Лозја, за кој неколку месеци во Основниот суд Скопје 2, се водеше судски процес, против четворицата обвинети Цветков, Стојков, Утковски и Кикереков кои беа осомничени за убиство на седумина пакистански државјани. Ја чекаме пресудата од Основниот суд Скопје 2 и откако ќе ја разгледаме во наредните 15 дена ќе поднесеме жалба, ни изјави скопскиот обвинител Стерјо Зиков.

„Откога ќе ја примиме пресудата законскиот рок е 15 дена и во тој рок ќе ја поднесеме жалбата“’
Обвинението против обвинетите за Раштански Лозја, беше отфлено поради немање докази. Но, загубениот предмет за обвинителството незначи дека во неговите ,,редови,, треба да се бара одговорност. Оттаму велат дека ,,биле понудени силни докази за целиот случај“:

„Со нетрпение очекуваме да го видиме образложението на Судот за немање докази, затоа што сметавме дека имавме навистина многу силни докази за тоа обвинение. Кога би требало сега пак да одлучувам за тој предмет, јас повторно би напишал обвинение со истата правна квалификација.“

вели скопскиот обвинител Зиков. Професорите по кривично право пак, сметаат дека образложението на ослободителната пресуда- немањето докази, претставува ,,шлаканица до обвинителството,, поради што, тоа треба да сноси одговорност:

„Ова е сепак една шлаканица и тоа говори, дека човекот уште пред да почне да го турка предметот немал добри докази.“

Објаснува професорот Ѓорѓе Марјановиќ. За делото Раштански лозја, судска постапка во Судот во Пула во Хрватска се водеше и против екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. Дали ослободителната одлука од скопскиот суд, ќе значи и ослободување од обвинението за Бошковски, професор Марјановиќ вели:

„Тие две работи иако се едно обвинение, да беше Бошковски во Македонија ќе беше ослободен заедно со другите. Меѓутоа со оглед дека во Пула овој предмет е само во фаза на истрага, претпоставувам дека обвинителот кој ќе се жали кај нас, нема веднаш да го повлече предметот од таму. Така што, тоа може да оди самостојно.“

Инаку освен за предметот Раштански, поранешниот министер за внатрешни Љубе Бошковски од неодамна е во притвор во Хаг, каде против него и Јохан Тарчуловски се води постапка за случајот Љуботен. Во официјална посета на Хаг, денеска се наоѓаат Министерката за правда Мери Младеновса Ѓорѓиевска и Јавниот обвинител Александар Прчевски.
XS
SM
MD
LG