Градењето без план во Скопје продолжува да претставува нерешлив проблем и покрај постоењето на генерален урбанистички план и на институции кои спорд законот имаат контрола во издавањето на дозволи за градба:
„Денес се гради од најбогатите слоеви, бизнис изградба која треба да носи профит, нерегуларно, дури и арогантно. Општа причина за тоа е нефункционирање на институциите коишто треба да го одржуваат стандардот, хармонизацијата на градбата и просторот,“
вели Мирослав Грчев поранешен градоначалник на општина Центар. Имено, сеуште не стивнуваат реакциите за градењето на комплексот во непосредна близина на плоштадот, а во меѓувреме од друга страна во градскиот парк, по течението на реката Вардар никна нов објект. Виолета Аларова, градоначалник на општина Центар објаснува:
„Ние сме само носители на детални урбанистички планови каде што сме обврзнаи да почитуваме закони и правила. Натаму планот се спроведува во подарчната единица на Министерството за транспорт и врски. Тука губиме секакво влијание што се случува со неговата натамошна судбина.“
Портпаролот на министерството за транспорт и врски Лидија Станчевска вели:
„Онака како што е предвидено во деталниот урбанистички план, така се издаваат и маркичките, односно одобренијата за градба.“
Но, префлањето на одговорноста меѓу локалната и централната власт за узурпација на просторот во иднина повеќе не може да претставува аргумент за изговор. Од 1 јули кога треба да стратува децентрализацијата, одговорноста за издавање дозволи за градба се стеснува, бидејќи општините ќе ги издаваат дозволите за градба, а не како до сега министерството за транспорт и врски:
Според Аларова, решението е во носење на нов генерален урбанистички план
„Сите планови коишто не се усогласени со генералниот урбанистички план да ги исфрлиме од употреба, до нивно усогласување. Се соочуваме со непријатна ситуација. Во центарот сеуште е во сила, планот за малиот ринг, а како последица на тоа ќе никнат уште многу згради.“
Вангел Божиновски од здружението на архитектките вели дека колку и да се менуваат урбанистичките планови, тие не може да го решат проблемот, односно:
„Спречувањето на дивоградбите е проблем кој секогаш има субјективна природа. Значи, доколку во инспекцијата се постават луѓе од калибат на високи етички вредности, во тој случај дивоградби ќе нема.“