Достапни линкови

Скромна понуда, заостануваат природните науки


Наспроти трите државни и двата приватни универзитети, Македонија на младите луѓе им нуди релативно скромна понуда, во поглед на видот на студиите. Како резултат на таквото согледување, според претседателот на одборот за доделување акредитации, професорот Тито Бечичанец, во перспектива како приоритетно, се наметнува прашањето, односно потребата од развој на оние студии што во нашата земја не се практикуваат:

„Преовладуваат економските, правните и другите општествени науки, а многу малку има студии кои ќе им обезбедат обука на младите за брзо самовработување.“

Согледувањето на професорот Беличанец, го делат и студентите:

„Ова што се акредитираат, мислам дека се презаситува државата од правници, економисти, а природните науки се запоставуваат иако се знае дека само тоа е начинот државата да тргне од оваа мртва точка, да одиме кон подобар економски развој.“

Според професорот Беличанец, потребата од подобро организирање на техничките, технолошките и информатичките студии во нашата земја се повеќе од потребни, бидејќи како што вели, Македонија станува дел од светскиот пазар:

„На пример, кога една поголема холандска фирма која се занимава со производство на софтвер, дојде во Македонија да склучи договор со фирми кои се занимаваат со софтвер, се сретна со мал број лица кои се оспособени за вршење на оваа дејност.“

Сепак, проблемите во организирањето на високо образовниот систем, не се сведуваат само на скромната понуда во поглед на видот на студии. Според Беличанец, во нашата земја сеуште преовладуваат класични студии, односно постои затвореност на универзитетите, бидејќи Болоњскиот процес и кредит трансфер системот се на почеток во имплементацијата. Од тој аспект, студентите велат дека во споредба со државните, предничат приватните универзитети:

„Прашањето е колку се искористува тој кадар, колку се бара да се работи од кадарот. Значи, сигурно тие што се квалитетни ќе останат и понатаму ќе продолжат да функционираат.“
XS
SM
MD
LG