Достапни линкови

Успешна мисија на македонскиот контингент


Четвритот контингент на македонската Армија кој во мементов се наоѓа во мировна мисија Слобода за Ирак во чиј состав се 32 војници од Македонија ја продолжува успешната работа на претходните три контингента и на најдобар можен начин ја претставуваат нашата земја, велат во Македонското Министерство за Одбрана.

Македонскиот контингент во моментов обучува ирачки војници и полицајци

„Во оваа фаза именувана како транзициона, се врши дооспособување на ирачките војници за самостојно спроведување на редот во државата и постепено се трансферира авторитетот од коалициските на ирачките безбедносни сили,“

вели портпаролот на АРМ Димче Петровски кој информира дека нашите војници учествувале во неколку успешни акции во Ирак при што биле заробени повеќе криминалци и пронајдено големо количество оружје:

„Контингентот на АРМ беа ангажирани во повеќе операции во кои се заробени повеќе лица и пронајдени се повеќе видови оружје. Со ваквите акции припадниците на АРМ ја потврдуваат својата способност да учествуваат во вакви сложени мисии.“

Ваквата констатација на преставниците на македонската Армија ја потврдил заменик командантот на мегународните сили во Ирак генералот мајорот Мариоли кој неодмна ги посетил македонските ренџери.
Инаку и претходниот „Македонскиот контингент во Ирак изврши многу успешни операции кои што резултираа со пронаоѓање и приведување на неколку клучни водачи на бунтовниците во нашата зона на одговорност. Како и пронаоѓање на неколку скривници со вооружување во кои имаше преку 200.000 парчиња муниција, 100-тина јуришни пушки, 100-тина кг. експлозив и други средства кои бунтовниците ги употребуваа против мешународните мироввни сили.

Што се однесува пак состојба на нашите војници во Ирак, Оперативните органи на АРМ се во постојан контакт воената единица во Ирак и како што велат засега тие немаат никакви проблеми, а задачите ги извршуваат совесно и одговорно.
XS
SM
MD
LG