Економско, еколошко и политичко е значењето на нафтоводот АМБО кој ќе минува низ земјава. Проектот АМБО е американска инвестиција. Трасата на нафтоводот ќе се протега од бугарскиот град Бургас, до албанскиот Валона, а ќе минува низ Македонија. Зборувајќи за економската исплатливост, Борис Рикаловски експерт од оваа област, објаснува:
„Економската веажност е битна бидејќи на најекономичен начин нафтата од подрачјата каде што се произведува би можела да се префли до потрошувачките центри во Европа и светот, со најмали трошоци. Тој ќе минува низ близу 280 километри траса во Македонија, со што државата од тоа ќе има полза бидејќи ќе наплаќа соодветни такси за проток на нафтата низ нејзината територија, а од друга страна не е исклучена можноста дека во самата изградба на нафтоводот ќе бидат вклучени голем број на македонски организации.“
Инаку и покрај тоа што првично беше објавено, за што потврда имаше и од Владата, дека трасата за нафтоводот АМБО е утврдено да поминува преку Деве Баир, Свети Николе, Велес, Крушево, Лакаица па се до границата со Албанија, од македонското Министерство за економија, изјавуваат дека предлогот не е конечен и најавуваат преиспитување на економската оправданост на оваа траса. Џељал Незири портпарол на Министерството за економија вели:
„Сеуште трасата не одредена, се прават анализи од страна на експертите во Министерството за економија и во рок од еден месец ќе бидат познати резултатите од тие анализи.“
Околку конечната реализација на АМБО нафтоводот, од министерството за економија соопштуваат:
„Според првичните најави реализцијата треба да почне во октомври оваа година, но во текот на денешниот ден во Тирана се одржува средба помеѓу експерти од Албанија, Македонија и Бугарија и на таа средба ќе биде утврден и почетокот на реализацијата.“
Инаку меморандумот за соработка меѓу Албанија, Македонија и Бугарија, трите земји низ кој ќе поминува нафтоводот, е потпишан во декември минатата година во Софија.