Достапни линкови

Измените на деталниот урбанистички план потребни и можни


Идејата за ревизија на деталниот урбнистички план за Скопје што ја најави идниот градоначалник Трифун Костовски предизвика интерес меѓу архитектите, но и претпзливост. Во здружението на архитектите оценуваат дека предлогот е интресен, но се воздржуваат од коментар со цел како што велат прво да се види кои се клучните аргументи и претпоствки за еден таков чекор што во секој случај претставува крупен и стратешки зафата што навлегува во политиката за развој на градот. Таквото гледиште го дели и архитектот Живко Попов според кого во основа ревизијата на деталниот план за Скопје е потребна и можна со оглед на припојувањето на новите општини кон Скопје односно промените што се случија со децентрализцијата.

„Македонија во овие пет години помина низ повеќе периоди, и несомнено доведува градот да добие нов урбанистички план, тоа е неминовно. Тоа дојде и поради нарушувањата на постоечкиот план.“

Во начелно највување на идејата за ревизија на планот за Скопје Костовски изјави

„На одредени места се дадени маркици во коишто е узурпиран, има диви населби, не се влезени во генералниот урбанистички план, а во изминатите три седмици излегоа да гласаат за сопствени градоначалници и советници што навистина едно со друго е контрадикторно. Значи, ние мора да го сведеме генералниот урбанистички план на реалноста, што е неопходно да ги направиме сите тие работи согласно реалните потреби на градот. Мојата основна ориентација ќе биде стварање на урбани услови во сите делови на градот, вклучувајќи ги и новопримените општини како Сарај.“

Архитектите во меѓувреме потсетуваат дека само врз база на експерска анлиза се дава согласност за ревизија на деталниот план Инаку, последниот детален урбнистички план за Скопје беше донесен пред релативно кратко време односно во 2002, а претходниот план за градот Скопје датираше од 1985 година. Оптимален рок на важност на еден таков план се проценува меѓу 10 и 20 години.

„За жал можеби е рано, значи дека е лошо направен или лошо е антиципирано се што ќе се случи, ама треба да се направи.“
XS
SM
MD
LG