Достапни линкови

Европа или војна?


Колку години треба да минат за да се растури империја? И колку војни? Во случајот со Отоманската Империја одговорот, по се изгледа, е: четиристотини години и најмалку дваесетина војни, вклучувајќи ја и онаа светската која започна во Сараево. Ова се наведува во текстот објавен во весникот Гардијан, а кој се однесува на најновиот извештај на Меѓународната комисија за Балканот.

И покрај толку војни, ние можеби не ја видовме и последната, се наведува во написот во кој се додава дека според едно последно испитување, тројца од четворица Македонци очекуваат нов воен конфликт во нивната земја. Значи кој е за уште една мала Балканска војна?. Импозантно е колку од проблемите што ја притискаат денешна Европа се влечат уште од измрсената мрежа на народи, политики и религии што отоманите ја оставија зад себе. Ако ја надградите мапата на денешните кризни места врз скицата на империјата на Сулејман Величенствениот од Шеснаесетиот век ќе видите дека тие си одговораат. Неговото кралство ги опфаќаше она што ние сега го нарекуваме Балкан, термин што стана синомим за војна, етнички конфликт, но и денешните Ирак, Сирија, Либан, Палестина и Израел. И додека за проблемите што се појавија поради присуството на Израел на Блискиот Исток можеме да се обвинуваме себе си и Адолф Хитлер, за се другото, како што се наведува во текстот, треба да му заблагодариме на Сулејман. Сега, новата независна комисија, предводена од поранешниот италијански премиер Џулијано Амато, излезе со одговор за последниот дел од Сулејмановото наследство, односно дека постојното политичко чистилиште на Балканот е неодржливо. Ние не можеме да продолжиме со крпењето на слабите држави и протекторати на Европската Унија, со квази империјалните поткралеви како Педи Ешдаун во Босна и со нерешените статусни прашања како што е случајот со Косово. Според комисијата на Амато, изборот на Европската Унија е едноставен: проширување или империја. Со други зборови тоа значи: Или ние во Унијата ќе прифатиме дека во претстојните декади на Балканот ќе имаме виртуелни колонии, или ќе почнеме да ги подготвуваме условите во кои тој регион ќе влезе во Европската Унија. Комисјата решително е за проширување. На состанокот предвиден за идната година, Европската Унија би требало да направи план за вклучување на Балканот до две илјади и четиринаесетата година, настан што би можело да се прослави на самит во Сараево, на стогодишнината од избувнувањето на Првата светска војна. Логиката на комисијата на Амато е јасна: балканскиот избор е или Европа или војна, се вели, меѓу другото, во написот на денешен Гардијан.
XS
SM
MD
LG