Достапни линкови

Нечистотија, бучава, загаденост и некултура


Расфрлениот отпад насекаде околу нас, нечистотијата, немањето корпи за отпадоци и некултурното однесување на луѓето се само дел од работите за кои граѓаните на Скопје, велат дека им пречат во нивниот град:

„Ми пречи нечистотијата. Некултурното однесување на жителите, бучавата, загаденост на воздухот.“
„Нема корпи.“
„Не ми се допаѓа што насекаде се лепат плакати. Треба да се стави крај на тоа.“


Повеќето од нив велат дека не се задоволни од работата на надлежните институции, задолжени за одржување на градската хигиена.

„Никој не си ја врши работата, тие ако има некоја телевизиска програма, да ги викнат, да кажат два – три збора, за да ги види народот дека на телевизија имаат функција, друго ништо не ги интересира.“
„Гледаат само за фотељата.“


Од друга страна со доаѓањето на пролетта, градските инстируции забрзано се подготвуваат за спровдување на планираните годишни активности. Од ЈП Паркови и зеленило, информираат дека во овој период од годината се посветува повеќе внимание на косењето на тревните површини и чистењето на парковите:

„Чистењето на зелените површини од отпад, пластика,“

изјави Здравко Брезовски, директор на Паркови и зеленило.

Заводот за здравствена заштита пак во соработка со градските власти најавуваат дератизација и дезинсекција на градот.

„Минатата година направивме аеросолен генератор, што прави вештачка магла и се уништуваат комарците. За годинава планираме уште еден таков апарат, бидејќи се покажа ефикасен,“

вели Александар Стојанов, директор на градскиот завод за здравствена заштита.

Поголемиот дел од граѓаните велат дека често учествуваат во акциите за чистење на градот, а се со цел да се подобри сликата за средината во која живееме.
XS
SM
MD
LG