Достапни линкови

Единствен излез за спорот со името е опстанување на ставот за двојната формула


Интензивната кампања за решавање на спорот околу името меѓу Македонија и Грција, секако е резултат на заложбите на државава за влез во Европската Унија, што подразбира конечно ,,затворање на овој проблем“ имајќи ги во предвид веќе поднесените одговори на евро прашалникот и одговорот што се очекува од Европската Унија, за идните чекори околу приемот на Македонија во заедницата, сметаат домашните експерти, анализирајќи ги деновиве актуелните активности по ова прашање. Во оваа насока професор Добринка Тасковска од Правниот факултет објаснува:

„Тоа нерешено прашање секогаш било фактор, со години наназад. При секој наш допир со ЕУ сме имале компликации и проблеми. На сите ни беше јасно што од самиот почеток на евро интеграциите, дека спорот со Грција и грчкото противење ќе биде фактор на којшто мора да сметаме. Меѓутоа, минатата година, кога Грција сепак ја ратификува спогодбата за Стабилизација и асоцијација, дека Грција не е во позиција да биде толку еднострана, груба и непопустлива, бидејќи таа веќе има два големи проблеми во ЕУ, Кипар и односот кон Турција. Дека и понатаму ова ќе биде фактор, ќе биде фактор. Дека оваа интензивна кампања на Грција на повеќе фронтови е во врска и е форма на притисок пред одговорот на прашалникот е апсолутно точно. “

Иницијативата за решавање на проблемот со името во македонско-грчкиот спор е од поширок меѓународен карактер и има повеќе актери кои сакаат да го затворат ова прашање, додава пак професор Билјана Ванковска.

„Работата ја започнаа САД лани, но сега се наоѓаме во она што во шаховска терминологија би била цајтнот, едноставно се соочуваме со важни прашања, како што е нашата евалуација од ЕУ; очекуваното членство односно кандидатура, меѓутоа и решавањето на косовското прашање. Очигледно е дека Европа се обидува да преземе што поголем дел од проблемите во свои раце и да има што помалку отворени прашања.“

Експертите додаваат дека во моментов постапувањето на македонските власти, по ова прашање е од пресудно значење:

„Ако гледаме прагматично единствениот излез на Македонија е да покаже уште еднаш дека она што е наша официјална политика, двојна формула и втората формула за употреба со Грција, дека мора да опстане на тој став и дека секое внатрешно колебање само ќе ја интензивира кампањата од грчка страна и ќе ги искомплицира дополнително работите,“

изјавува професор Тасковска.
XS
SM
MD
LG