Достапни линкови

Нимиц не изнел предлог за името


Посрединокот Мејтју Нимиц во спорот за името со Грција на средбата со македонскиот амбасадор во Њујорк Никола Димитров не изнел идеа, која претходно беше спомнувана заедно со некои други идеи, а која во грчката јавност беше презентирана како најповолна за нив, односно како формален предлог ставен на маса од страна на Нимиц, соопшти министерот за Надворешни работи Илинка Митрева повторувајќи го ставот на македонската влада:

„На средбата не беше изнесен формален предлог од страна на амбасадорот Нимиц, како што беше прејудицирано од грчка страна. Нашиот став го искажавме изминатите денови, а со него на њујоршката средба го запознавме и амбасадорот Метју Нимиц. За нас, за употреба во Обединетите Нации, како и за севкупната меѓународната комуникација, единствено прифатливо е нашето уставно име Република Македонија. Да повторам, кованицата Република Македонија – Скопје, за нас е неприфатлива, како и секоја друга идеја или предлог различни од нашето уставно име.“

Суверено право на секоја држава според начелото на еднаквост , втемелено во повелбата на ОН е самостојно да одлучува за своето име и идентитет рече Митрева додавајќи:

„Прифаќајќи го ова елементарно право на Република Македонија, 109 држави од светот, вклучувајќи и три постојани членки на Советот за безбедност целосно го прифатија уставното име на нашата земја. Бидејќи Република Грција е единствената држава која има забелешки на нашето уставно име, ние сметаме дека кованицата Република Македонија – Скопје може да биде основа за водење конструктивни разговори за изнаоѓање формула за билатерална комуникација меѓу Република Македонија и Република Грција.“

Од друга страна грчките власти сметата дека предлогот Република Македонија Скопје е името што би требало да се употребува во мегународна комуникација а не само во билатералните односи мегу двете земји. Ставот на македонија по ова прашање е зацементиорано и нема мрдање од него посочи министерката Митрева на брифингот со новинариите.
XS
SM
MD
LG