Достапни линкови

За сега молк од сите институции


Македонското министерство за надворешни работи, засега не сака да соопшти никакви детали околу текот на разговорите мегу специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц и македонскиот амбасадор во Соединетите држави Никола Димитров, кои синока во Њујорк остварија средба за продолжување на разговорите за изнаогање решение за разликите околу употребата на уставното име на државава. Единствената куса изјава од министерството за надворешни е: „средба се одржа“. Но оттаму не сакаат да соопштат детали, околу нејзиниот исход како и околу тоа дали специјалниот посредник на ОН, Нимиц, му понудил на македонскиот амбасадор предлог за решавање на спорот со името. Без коментар за детали од средбата, како што пренесоа утринава дел од медиумите во земјава, е и амбасадорот Димитров.

Во изминативе деновиве грчките власти излегоа во јавноста со информација дека олеснувачот на ОН во македонско грчкиот спор Нимиц, поднел предлог за именување на Република Македонија во - Република Македонија Скопје, како обид за решавање на спорот околу името мегу двете земји. Македонскиите власти, деновиве во коментарите на ваквиот предлог децидно изјавуваа дека ваквото решение е непрфатливо за мегународна употреба и оти може да биде само појдовна позиција во изнаоѓање решение за името што Грција треба да го прифати во обраќањето кон Македонија и тоа само во билатералните односи.

Додека македонските институции се воздржани околу информациите по ова прашање, во соседна Грција се водат интенизвни преговори мегу политичките претставници. Министерот за надворешни работи Петрос Моливијатис, деновиве се сретна со парламетнарните политички партии во Грција за да ги информира за суштината на предлогот.

Во министерството за надворешни во земјава, соопштуваат дека утринава во тек се консултации, а македонската јавност очекува пет дена по соошштувањето на предлогот за името од грчка страна, пренесен како предлог на Нимиц, конечно да добие информации околу ова прашање.
XS
SM
MD
LG