Еврокомесарот за правда Франко Фратини изјави дека десетте земји, повеќето од нив од Централна и Источна Европа кои лани станаа членки на Европската Унија, ќе влезат во Шенгенската зона во текот на две илјади и седматата. Крајниот рок најверојатно ќе биде октомври, но се ќе зависи од тоа колку секоја земја дотогаш ќе успее да се вклучи во системот на размена на податоци. Шенген е систем на гранична контрола во кој патниците кои влегуваат во Унијата се проверуваат само еднаш, а потоа во рамките на Унијата натамошната контрола не е потребна. Алфред Пајперс, аналитичар во Холандскиот институт за Меѓународни односи објаснува:
,,Ако патувате низ Западна Европа, ќе откриете дека ќе можете да патувате во Германија, Холандија, Белгија, Италија а никој да не ви побара пасош.”
Британија и Ирска одбиваат да влезат во Шенгенската зона со образложение дека минувањето на границите треба да биде национална одговорност. Од друга страна, Норвешка и Исланд, кои не се членки на Европската Унија, се дел од Шенген. Намерата за проширување на оваа зона предизвика голема загриженост кај постарите членки на Унијата, како Германија и Холандија, кои себе се гледаат како главна дестинација на многу туристи кои имаат за цел и илегално да останат во тие земји.
,,Ние имаме извесна загриженост околу проширувањето на Шенгенската зона и затоа бараме од земјит, како Полска, да преземат целосна и посодветна контрола на надворешните граници на Унијата.”
Наведува Пајперс, признавјќи дека станува збор за важна задача, особено ако се има предвид фактот дека контролата на меѓународните криминаци, шверцери со дрога и луѓе ќе се извршува само во земјите кои граничат со оние што не се членки на Европската Унија. Петер Зервакис, аналитичар од Германија вели дека токму тоа, односно таканаречената ,,единствена шанса да успееш,, претставува Ахиловата пета на Шенгенскиот систем. Затоа, според него, борбата против илегалното минување на границите треба да биде насочена кон решавањето на социјалните причини кои доведуваат до ваквата појава во Европа.
,,Социјалните проблеми мора да бидат решавани превентивно. Тоа значи дека Европската Унија мора да презема чекори во оние земји кои граничат со неа за да ги реши проблемите таму. На таков начин тие проблеми нема да бидат увезени кај нас.”
Смета германскиот аналитичар Петер Зервакис.