Достапни линкови

Прегласување на првиот или вториот круг од локалните избори


Вкупно 666.492 избирачи в недела, на 10 април, ќе можат да го остварат своето гласачко право на делумното прегласување на првиот или вториот круг од локалните избори каде се избираат уште 20 градоначалници:

„Во недела се гласа, во осум општини и градот Скопје за избор на градоначалник во втор круг, и во 11 општини се врши прегласување на изборите за градоначалник, а во две избирачки места од овие 11 општини и за советници. Со тоа што во Скопје во две општини се гласа и за градоначалници, во општина Чаир и во Шуто Оризари, а во општина Бутел се прегласува на пет избирачки места за избор на градоначалник,“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

Инаку денеска гласаат 77 внатрешно раселени лица од општините каде што се гласа вториот круг или каде што се прегласува, 650 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, и болните и изнемоштените лица кои се имаат пријавено во законски утврдениот рок до ОИК.

Таневски информира дека ДИК навремено ги има доставно изборните матерјали до 20 општини каде ке се гласат утре.

Бројот на Наблудувачите овој пат е значетелно помал, изборите во недела според ДИК ќе може да ги набљудуваат сите монитори кои имаат акредитации.

„Сите набљудувачи кои добија акредитација од ДИК може да го вршат набљудувањето и на десетти овој месец, со тоа што се пчекува дека дел од странските набљудувачи се вратени и дека помал број ќе останат да го набљудуваат процес. Околу 40 се очекува да го набљудуваат изборниот процес во недела.“

Најголем број наблудувачи и в недела ќе има Асоцијацијата МОСТ околу илјада.

„Вториот круг МОСТ ќе го следи со околу 950 набљудувачи, преку којшто ќе се мери одзивот на гласачите и резултатите по гласањето,“
Вели портпаролот Славица Биљарска.
XS
SM
MD
LG