Со доделувањето на дозволите на банките што ќе управуваат со задолжителните приватни пензиски фондови практично стартуваа реформите на пензискиот систем што до сега беа одложувани повеќе пати. Приватните фондови, со кои ќе управуваат Стопанска и Тутунска Банка, заедно со словенечките партнети, треба да профункционираат во почетокот на следната година:
„Пензиските фондови ќе започнат со постапката на регистрирање на друштвата за што имаат рок од три месеци. Се очекува зачленувањето да започне на есен, од септември,“
вели Билјана Петровска, од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување од каде беа издадени дозволите на учесниците кои успешно ја завршија процедурата на меѓународниот јавен тендер. Тоа значи дека сите кои се вработени од почетокот на 2003 година задолжително ќе се осигуруваат во овој фонд:
„Додека за сите други осигуреници е доброволен, и тие ќе имаат извесен период на избор, дали сакаат и во кој од столбовите сакаат да се зачленат. За сите придонесите се исти, 21 насто се уплаќаат во ПИОМ, со тоа што за оние кои решиле да се осигураат во вториот столб, една третина ќе се уплаќа во вториот столб.“
Реформите во пензискиот систем се објаснуваат како неопходни, бидејќи во Македонија бројот на пензионерите се приближува на бројот на вработени. Во таа смисла, експертите предупредуваат на придобивките од воведувањето на приватните фондови, но и можноста од ризици:
„Еден од проблемите со кој ќе се соочат пензиските фондови во нашата земја е релативната неразвиеност на финансиските пазари, однсоно ваквите фондови мораат да бидат цврсто регулирани, на пример, тие не може неограничено да вложуваат во акции,“
вели Михаил Петковски професор на економскиот факултет во Скопје. Имајќи ги на ум искуствата на развиените европски земји, каде вложувањата во приватните фондови се многукратно поголеми во споредба со државните фондови, како резултат на оплодувањето на приватниот капитал од страна на банките Петровска вели:
„Максимум во странство е дозволено да се инвестираат 20 насто. Во одредени земји од ЕУ. Потоа, тоа може да биде во одредени видови државни обврзници. Во обврзници на народните банки од земјите, или во акции со одреден рејтинг, по компанија, да има поголема диверсификација и да се намали ризикот.“