Македонското министерство за надворешни работи нема информации, ниту пак очекува денеска како што јавуваат некои новински агенции од страна на специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц да биде соопштен предлог за решавање на долгогодишниот спор околу името меѓу Македонија и Грција, изјавуваат извори во македонското министерство. Веста дека истовремено во Скопје, Атина и Њујорк ќе биде соопштен предлог за решавање на спорот од страна на ОН, најверојатно е пласирана од грчки медиуми, во насока на, како што потенцираат од МНР, осмислување и вршење притисок од страна на Грција. И покрај деновиве засилените активности околу преговорите и како што се јавува неколкуте предлози од грчка страна за изнаоѓање решение за името, официјалниот став на МНР е дека нема промени во однос на македонскиот предлог за решавање на спорот:
„Позицијата е иста. Решението што го нуди Република Македонија е двојната формула – уставното име во меѓународната комуникација и заеднички прифатливо решение за билатералната комуникација меѓу Македонија и Грција,“
изјавува портпаролот на МНР Душко Узуновски, кој околу интензивните активности и преговори додава:
„Продолжуваме со преговорите во познатиот формат во рамки на ОН и со посредство на Метју Нимиц.“
Спорот меѓу Македонија и Грција одбележува 12 години. Имено, на денешен ден во 1993 година државава беше примена како полноправна членка на ОН, но поради противењето и притисоците на Грција која не го прифаќа уставното име на Македонија, зачленувањето во Светската организација беше извршено под референцата Поранешна југословенска република Македонија. Поради несогласувањата Грција истата година воведе трговско ембарго кон Македонија, што траеше до 1995-тата, се до промената на државното знаме од страна на македонските власти. Истата година, двете земји потпишаа привремена спогодба. До сега Македонија е призната под уставното име од повеќе од сто земји, а минатата година во ноември тоа го сторија и САД.