Достапни линкови

Пренагласените жалби на опозицијата за изборен фалсификат придонесоа за негативните реакции


Опозицијата пренегласено говореше со некаков изборен фалсификат и токму поради тоа реакциите на меѓународниот фактор се такви какви што се вели Мерсел Биљали советник за надворешна политика на премиерот Владо Бучковски по изјавата на британскиот амбасадор во земјава задолжен за контакти со НАТО Роберт Диксон дека критична е евроатланстаката иднина на Македонија поради лошо организираните избори:

„Реално премногу се исфорсира тоа за голем фалсификат, првенствено од опозиционите партии. Одделни нерегуларности беа претставени о макро план и секако реакциите се такви какви што се. Сега се мериме со поинакви мерила. “

Експертите пак се се согласуваат со констатацијата на британскиот амбасадор. Во одбраната навистана направивме многу, но мора владата да сфати дека изборите не смеат да бидат политизирани како што беа е ставот на професорот Димитар Мирчев

„Имено се работи за тој демократски дефицит што Македонија мора да го совлада и мислам дека не се обрна доволно внимание на квалитетот на изборите и самите органи не сторија доволно за изборите да бидат фер и демократски.“

Британскиот амбасадор Диксон вчера изјави оти Владата ќе мора пред преставниците на НАТО да престави идеи како да се поодобри во иднина изборниот процес бидејќи во спротивно тоа би имало негативно влијание врз нејзините аспирации за членство во НАТО Алијанста. Но сепак, и Мирчев и Биљали се согласуваат дека реално е Македонија до крајот на 2006 да добие покана за членство во НАТО бидејки тоа и го заслужува

„Не се потребни вербални објаснувања. Мислам дека Македонија во основа го заслужува тоа.“
„Мислам дека ако не се прави некој поголем пропуст, сепак ќе имаме шанса да добиеме покана за членство во НАТО. Важно е да се ветат сериозни мерки како превентива за наредните избори.“
XS
SM
MD
LG