Достапни линкови

Кој ќе биде следниот?


По востанијата во Грузија и Украина, претседателот на Киргистан Аскар Акаев стана трет пост советски лидер кој беше отфрлен во изминативе месеци. Брзината со која му се случи тоа на Акаев за многу посматрачи е изненадување. Тие го поставија прашањето за фрагилноста на неговиот режим а некои се запрашаа – Кој ќе биде следниот.

Отстранетиот киргистанскиот претседател Аскар Акаев на неговите колеги од заедницата на независни држави од егзил од Москва им порача како да се однесуваат доколку се соочат со народен бунт. Учете од моите грешки и користете сила, рече Аскар Акаев за московското радио Ехо.

„Која лекција ја научив од настаните на 24 Март ? Нашата демократија е сеуште слаба и не може самата да се заштити. Затоа на моите колеги би им советувал да ги заштитат демократските придобивки, ако треба и со употреба на сила.“

Лесно е велат посматрачите да се види како Аскар Акаев дошол до овој заклучок. И во Грузија и во Украина и Киргистан народните бунтови имаа нешто заедничко. Тие успеаја затоа што против не наоружаните демонстранти немаша масивна употреба на сила, иако според некои и во тој случај можеби исходот немаше да биде поинаков. Според Мурат Есенов, уредник на шведското издание на весникот Централна Азија и Кавказ, фактот што овие три држави имаа релативно поголема демократија од другите во Заедницата независни држави придонесе за побрзо демисионирање на режимите. Плус проблематичните изборите беа потикот штро доведе до настаните. Но што во врска со другите земји од регионот. Ако некој највеќе ги исполнува условите според овие критериму тоа е Казахстан, вели Есенов.

„Во Казакстан луѓето имаат извесен простор за да го изразат мислењето. А кога тоа се случува и владата е заглавена во корупција тогаш имаме ситуација како онаа во Грузија, Украина и Киргистан.“

Некои тоа го велат и очекуваат и во Узбекистан. Меѓутоа есенов вели дека таму ситуацијата е поинаква кога станува збор за привлекувањето на младите од страна на владеачката партија. Младите се инаку главната движечка сила во сите револуции. Сергеј Лузианин од Московскиот инситут за меѓународни односи вели дека другите режими во регионот се постабилни.

„Тие се по стабилни. Но не значи дека системот е силен. Парадоксот е дека што е режимот по груб, како тврдина – побрз е неговиот колапс. Се одеднаш. Историјата има многу такви примери.“
XS
SM
MD
LG